Активирај се | Создадено од вас |

Со ИКТ до подобра младинска работа

feat-img

Средношколците да стекнат вештини за подобро користење на информатичко-комуникациските технологии во областа на младинската работа беше целта на тренинг курост што се одржа во рамки на Програмата ЕРАЗМУС+ на Европската унија во текот на јануари во Арад, Романија.

На работилницата учествуваа младински групи од Македонија, Италија, Грција, Ерменија, Турција и Романија. Младински организации од овие држави на креативен начин ги претставуваа пораките кои им ги пренесуваат на нивните целни групи. Преку интерактивни сесии, младите работеа задачи во групи, правеа презентации, фотографии, пишуваа статии. Учесниците ги приближија различните култури на сопствените држави и преку неформални дружења, меѓу кои беа интернационалната вечер и посетата на градот Темишвар.

Христина Најдовска IV-1, СУГС „Браќа Миладиновци“