Средношколски хуманитарни акции за поплавените жители
Повеќе од 1.200 литри вода и големи количини средства за лична хигиена собраа учениците од скопската гимназија „Јосип Броз Тито“ за да им помогнат на жителите од загрозените региони по последните поплави.
Средношколците ја обезбедија потребната помош за само два дена, покажувајќи ја нивната хуманост и благородност. Ученциите од скопското училиште „Кочо Рацин“, пак, организираа акција за донација на парични средства кои ќе бидат уплатени на едена од сметките за помош на загрозените жители. Во хуманоста се гледа големината на човекот, порачаа учениците.