Активирај се | Создадено од вас |

Среќен сум што ја делиме грижата за чиста околина со многу ученици

Берат Ахметај, СЕТУ „Михајло Пупин“, Скопје

Првото што сакам да го кажам е дека ми беше (и се уште ми е) што сум дел од  “Медиум“. Благодарен сум што постојат организации како што се Институтот за комуникациски студии, а порано Високата школа за новинарство и за односи со јавноста кои ги поддржуваат креативното мислење и амбициите на младите. Со ваквите напори овие организации пред се ја промовираат современата култура во со интересни идеи. Со помош на училиштето СЕТУГ „Михајло Пупин” јас и мојот тим создадовме видео во кое пораката дека сакаме да живееме во чиста околина ја раздвоивме во три сегменти: 1. Проблемот, 2. Причината и 3. Решението. Се фокусиравме повеќе на визуелните елементи со цел да биде јасна и разбирлива за секого.

Како голем предизвик беше критериумот според кој видеото требаше да трае до една минута, но тоа пак нè предизвика да размислуваме на креативен начин, да размислуваме поинаку и да прикажеме одредена идеја во кусо време.

Морам да кажам дека бев пријатно изненаден на денот на доделувањето на наградите од конкурсот „Изрази се преку медиумите“ кога ги видов и другите, мошне креативни производи и на другите ученици кои исто како и јас и мојот тим, конкурирале. Среќен сум што видов дека има ученици кои се грижат за животната средина и таа нивна грижа ја изразуваат на креативен начин. Гледам дека сите сме сфатиле дека во реалноста мора да дејствуваме брзо за да ги решаваме проблемите кои сите не засегаат.