Активирај се | Создадено од вас |

Штипски средношколци музицираа македонска музика во Истанбул

feat-img

Средношколци од штипското музичкото училиште ја презентираа македонската народна музика на заеднички концерт со Државниот конзерваториум на турска музика во Истанбул.

Програмата беше составена од обработени традиционални песни, аранжирани за оркестар и народни инструменти од професорот Илија Ќосевски. Како изненадување за публиката се изведоа и турски народни песни. Концертот во Истанбул го одржа оркестарот под диригентска палка на професорот Тоше Митрев и Народниот оркестар во класата на професорот Илија Ќосевски при средното музичко училиште во Штип, „Сергеј Михајлов“.

Автор: Илија Ќосевски, професор во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип

stip-srednos1 stip-srednos1 stip-srednos1