Што е посилно: конецот од пајаковата мрежа или челикот?
Дали челикот кој се става во конструкцијата на мостовите ќе биде доволно силен и еластичен да ја издржи тежината и постојаните вибрации од движењето на возилата и луѓето? Дали автомобилот ќе се згужва како хартиена кутија при судар, или каросеријата ќе биде доволно еластична за да го заштити возачот и патниците? Дали лесната алуминиумска рамка на велосипедот со кој одите во училиште може да ја издржи тежината и долго време да ве разнесува по градот?
Научниците дознаа и дека конецот кој го произведуваат пајаците може да издржи многу поголем товар отколку конец со иста дебелина направен од челик. Меѓутоа, конецот од челик пак има поголема еластичност од пајаковиот кога на нив ќе се примени сила.
Како се дознава сево ова?
Одговорите на сите овие прашања зависат од какви материјали и со какви постапки се создадени производите од кои често ни зависи и безбедноста во секојдневниот живот. А какви се овие материјали постојано се испитува. Учениците од Автосообраќајниот училишен центар „Боро Петрушевски“ го посетија Машинскиот факултет за да се запознаат токму со овие постапки со кои се тестира металот колку тој може да се свитка, усука, за еластичноста на металот, тврдоста, кинењето и слично.
Се запознаа и со сите машини за тестирање на овие постапки. Професорот од факултетот Зоран Богатиноски и неговите колеги детално ги опишаа постапките, но и потребата да се носи заштитна опрема при секое тестирање поради ризикот да настане повреда. Учеа за скалата за Викерсова тврдост која ја изразува тврдоста на материјалите, за Бринелова тврдост, скала која ја изразува тврдоста на материјалите според нивната отпорност на вдлабнување. За затегнувачка /компресија на метали, за свиткување кога производот што се користи во градежништвото, треба да издржи однапред одредена тежина без да се вади како на пример кога во зградите во кои живееме при градбата се става арматура која всушност потоа е костурот на зградата.
Машините на кои учеа учениците ги се употребуваат во фабриките во кои се произведуваат сите овие материјали, а учениците од АСУЦ по струката машински техничар на моторни возила со професорот Александар Стрезов уживаа во демонстрациите.
Автор: Марко Ристоски, ученик во АУСЦ „Боро Петрушевски“