Активирај се | Создадено од вас |

Струмичките заштитени подрачја привлекуваат се повеќе велосипедисти

feat-img

Во Струмица и околината има 4 заштитени подрачја: Смоларските и Колешинските водопади, Моноспитовското блато и Мокринските извори. Габровските водопади чекаат промена на статустот, и тие да станат заштитени подрачја.

Освен што служат за релаксација и одмор, овие природни убавини мамат спортисти и рекреативци. Голем број велосипедисти од Македонија, Бугарија и Грција се секојдневни посетители во овој регион.

Просечно овие убавини ги посетуваат околу 500 туристи на ден, а за време на викендите бројката може да достигне и до 1.000. Овие бројки оставаат сериозни последици на живиот свет во овој регион.

Теодора Илиева, СОУ „Гоце Делчев“ Валандово
Мила Јакимовска, СУГС „Орце Николов“ Скопје