Активирај се | Создадено од вас |

Суперучилишта за супер – дружење

Проектот Суперучилиште со број 5797, со наслов Be the change спои 24 млади и четири професори во една единствена и неповторлива приказна. Овој проект е во завршна фаза, но она што е најважно е крајниот резултат, а тоа се новите пријателства кои засекогаш ќе потсетуваат на незаборавното искуство, ќе донесат и идни средби кои ќе прераснат во традиција.

Со цел успешно градење на меѓукултурен дијалог и разбирање, 12 ученици од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија заедно со своите професори беа во посета на Средното училиште „Јабланица“ од Јабланица во збратимената Општина Јабланица, Босна и Херцеговина. Посетата беше во рамките на вториот циклус на програмата Суперучилишта огранизирана од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Европската унија, GIZ и Германската влада.

За време на посетата, учениците имаа можност да учествуваат на работилници во кои беа опфатени најразлични теми и активности. Учениците посетија и повеќе знаменитости како Музејот „Битка за ранетите на Неретва”, Бункерот на Тито, во градот Коњиц, градот Мостар и неговите знаменитости, јавната кујна „Мерхамет Јабланица”. Како симбол на новото пријателство беше засадено дрво во училишниот двор и беа одиграни спортски натпревари во пинг-понг, одбојка и кошарка. Двете училишта изградија мост на пријателства, му дадоа шанса на мирот спојувајќи ги учесниците како да се едно семејство.

Втората размена се случи во Гевгелија со работилници за значењето на соработката, позитивниот конфликт наспроти негативниот и натпреварот меѓу учениците кој може да донесе уште подобри искуства и практики. Гевгеличани како и секогаш го  покажаа гостопримството, низ посетите на значајните знаменитости, музеи, локалните компании. Реализацијата на настаните беше со поддршка од училиштето, но и Општина Гевгелија.

Овој проект е во завршна фаза, но она што е најважно е крајниот резултат, а тоа се новите пријателства кои засекогаш ќе потсетуваат на незаборавно искуство, но можеби и идни средби кои ќе прераснат во традиција. Проект Суперучилиште со број 5797, со наслов „Be the change” спои 24 младинци во една, единствена и неповторлива приказна заедно со четворица професори.

Автор: Снежана Тасева, ученичка во СОУ „Јосиф Јосифовски“ Гевгелија