Активирај се | Создадено од вас |

Свирка, цртање во живо и драмски текстови во дворот на „Никола Карев“

feat-img

„Свирложба VII“- повторно одржана во гимназијата „Никола Карев“

Посебен, различен и на вистинско место. Вака, ако ги прашате средношколците во скопската гимназија „Никола Карев“, ќе го опишаат настанот кој самите го организираа во дворот на нивното училиште.

По само две недели од стартот на новата учебна година, учениците на 14 септември си приредија дружење на репризата на „Свирложба VII“. Станува збор за средношколски настан од уметнички карактер кој вклучува свирка, изложба, цртање во живо, драмски текстови и перформанси.

Со своите музички, драмски и уметнички вештини, над дваесетина ученици приредија незаборавно и несекојдневно дружење.

Настанот започна со музички перформанси, а репертоарот беше исполнет со познати композиции од „Пинк Флојд“.

Вториот дел, пак, беа посветени на драмата во кој со драмски текстови настапија десетина средношколци.

Паралелно со музичките и драмските настапи во позадината се одвиваше и уметничкиот дел односно изложбата која што ги опфаќаше четирите основни елементи (земја, воздрух, вода и огран).

Кога се во прашање елементите, токму темата на настанот беше „Петиот елемент“ кој според Платон е искрата поради која добиваме желба да правиме нешто посебно и поразлично.

str.4 KADE BEVME Svirlozba slika vnatre„Досетливиот Платон по долго размислување се обидел да ја објасни смислата на постоењето. Тој велел дека сè што постои е создадено од 4 елементи: земја, воздух, вода и оган. Размислувањата и уникатноста на Платон довеле до воведување на нов, петти елемент – етерот, кој според него ja претставувал душата на природата. Но што е етерот? Нешто што може тешко да се одговори, или воопшто не може? Штом основните четири елементи се материите, коишто се претвораат и реагираат едни со други, тогаш етерот е самиот простор во кој настануваат сите преобразби. Со оглед на ова може да земеме предвид дека етерот е суштината, основата и движечката сила на сè околу нас. Велиме дека тоа е искрата поради која добиваме желба да правиме било што, и таа искра за секого е нешто различно и посебно“ наведуваат организаторите.

Со репризата на „Свирложба VII“ се заокружи крајот на уште една успешна иницјатива од страна на ученици која, како што велат тие, ќе остави белег во нивните сеќавања, како и желба за ново вакво дружење во блиска иднина. Иако да се организира ваков настан навидум изгледа напорно и бара откажување од секојдневните навики, средношколците раскажуваат дека со задоволство се „даваат себе си“ за да стигнат до крајниот продукт бидејки низ целиот тој процес запознавањето и меѓусебното зближување се бесценети.

„Свирложба“ се одржува седум години по ред и преку него, велат учениците, им се дава можност на еден креативен начин да си ги искажат размислувањата и ставовите на одредена тема.

Со годинешниот настан кој се одржа во дворот на „Никола Карев“, се одбележа и отворањето на новиот парк во училиштето наменет за средношколците.

Автор: Сара Ташкоска, ученичка во СУГС „Никола Карев“ – Скопје