Тајната врска на охридските бисери и плашицата
Слоевите премаз добиени од ендемската риба плашица, го прават охридскиот бисер да биде уникатен. Така објаснуваат мајсторите кои од колено на колено го пренесуваат тајниот рецепт со кој специјалната емулзија се изработува од крлушките на рибите. Формулата стигнала преку руски имигрант кој пред повеќе од 100 години ја предал на две охридски фамилии.
Основата на бисерот денес не се изработува од школки од Охридското езеро туку од материјал мадреперла што се увезува. Бисерите не се секогаш бели, тие може да имаат и други бои кои се постигнуваат со додавање на минерални пигменти.
Бисерите од Охрид денес ги украсуваат домашните колекции од накит на бројни принцези, кралици и познати личности во светот.
Автори: Нина Здравева, СУГС „Ѓорги Димитров“, Хана Илиева, СУГС „Ѓорги Димитров“, Михаела Стојаноска, CОЕПТУ „Кузман Јосифоски – Питу“, Прилеп