Активирај се | Создадено од вас |

Тајната врска на охридските бисери и плашицата

feat-img

Слоевите премаз добиени од ендемската риба плашица, го прават охридскиот бисер да биде уникатен. Така објаснуваат мајсторите кои од колено на колено го пренесуваат тајниот рецепт со кој специјалната емулзија се изработува од крлушките на рибите. Формулата стигнала преку руски имигрант кој пред повеќе од 100 години ја предал на две охридски фамилии.

Основата на бисерот денес не се изработува од школки од Охридското езеро туку од материјал мадреперла што се увезува. Бисерите не се секогаш бели, тие може да имаат и други бои кои се постигнуваат со додавање на минерални пигменти.

Бисерите од Охрид денес ги украсуваат домашните колекции од накит на бројни принцези, кралици и познати личности во светот.

Неодминлив белег за охридската чаршија се бисерите чија уникатност е поврзана со езерото

 

Сјајниот премаз се произведува од крлушките на охридската ендемска риба плашица

 

Со додавање минерали и пигменти се добиваат три бои, бела, сива и розева

 

Tајниот рецепт се пренесува само фамилијарно, од колено на колено

 

Охридскиот бисер често е во комбинација со македонски филиграни

 

Со посебно внимание се изработува свадбен накит во кој бисерот има централна позиција

 

Бисерите поставени на прстени се меѓу најпопуларните кај странските туристи во Охрид

 

Низ историјата ѓердани од бисери можеле да си дозволат само побогатите семејства

 

Изложената реплика од бисерниот ѓердан e изработена по оној на холандската кралица Јулијана

 

Бројаницата на тенисерот Новак Ѓоковиќ ги привлекува српските купувачи

 

Руски имигрант пред повеќе од 100 години ја предал рецептата за изработка на бисерите

 

Бисерниот дуќан сместен во срцето на Охрид

 

Автори: Марија Трпков, СУГС „Јосип Броз Тито“, Скопје и Адела Абаз, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, Охрид