Активирај се | Создадено од вас |

Тешко читаат и пишуваат, а ги етикетираат како неписмени

feat-img

Дислексијата не е болест, таа е состојба од невролошко потекло при која мозокот различно го процесира пишаниот или говорниот јазик, а за која се уште не е докажано што точно ја предизвикува. Голем број ученици во Македонија се соочуваат со неа, но не знаат дека ја имаат, а професорите и наставниците не се доволно обучени да ја препознаат и да им помогнат, сметаат од здружението за дислексија „Ајнштајн“. Но, и покрај системските пречки, има случаи на дислексичари кои функционираат нормално во текот своето образование, иако на истите им е потребна стручна помош.

Tesko citaat i pisuvaat a gi etiketiraat kako nepismeni 2 330x200Дислексијата може најдобро да се опише како комбинација од способности и потешкотии кои се однесуваат на процесот на учење во неколку области како на пример- читање, пишување, спелување, разбирање на прочитаното, а понекогаш и математика.

Скоро 15% од учениците во Македонија се дислексични

На испитани 2.328 ученици, умерена или лесна дислексија кај себе препознале вкупно 248 ученици, односно 12,2 отсто, додека силно изразена била кај 49 ученици, односно 2,1 отсто, покажа истражувањето на Здружението за дислексија „Ајнштајн“, финансирано преку УСАИД, како дел од проектот “Инфо ѕид за дислексија”. Истражувањето беше спроведено во 16 средни училишта во Македонија.

– Прво поставената хипотеза на истражувањето беше дека застапеноста на оваа состојба ќе биде од 10 до 15 отсто од испитаниците според светските статистики. Процентот за застапеноста на дислексијата е дефинитивно алармантен и доволна причина и доказ дека институциите во нашата држава мора да преземат чекори за воведување на адекватни образовни политики за оваа категорија на ученици-вели Дамјан Николовски, претседател на здружението.

Tesko citaat i pisuvaat a gi etiketiraat kako nepismeni 3 330x200Со оглед на резултатите од истражувањето, најголем дел од дислексичарите во нашата држава не се свесни дека имаат дислексија, а сепак имаат успеано во животот. Сето тоа зависи од тоа дали се работи за силно изразена форма на дислексија или пак за поблага форма. Според Николовски, голем дел од лицата со дислексија потсвесно знаат дека се соочуваат со некаква тешкотија или чувствуваат дека размислуваат на поразличен начин од останатите луге, но не се свесни за што точно се работи па така градат одбранбени стратегии со кои ги затскриваат или потиснуваат потешкотиите.

Преку разни активности, како здружение, обучиле околу илјада наставници за препознавање на оваа состојба.

– Досега, преку нашите активности, за дислексијата информирани се голем број на наставници особено одделенски наставници. Сепак бројката не е доволна, интересот за дислексијата кај предметните наставници и професорите во средните училишта е многу мал. Од таа причина ќе продолжиме со едукативни семинари за да обучиме поголем број на наставен кадар за правилен пристап и поддршка кон учениците со дислексија. Дислексичарите може да функционираат нормално во текот своето образование, но на истите им е потребна и стручна помош. Во нашата држава има 4 тренери за дислексија кои работат по различни методи и техники, но тука се и дефектолозите и логопедите кои може исто така да понудат помош за учениците со дислексија-појасни тој.

Tesko citaat i pisuvaat a gi etiketiraat kako nepismeni 4 330x200Специјалистите едукатори и рехабилитатори, м-р Анита Стојчевска и Ленче Јовановска од средното училиште „Перо Наков“, Куманово велат дека е непозната бројката на дислексични ученици во општината. – Во нашето училиште можеме да ви потврдиме дека имаме приближно 10 отсто ученици со оваа состојба од целокупната бројка на запишани ученици, како и други специфични тешкотии во учење (дисграфија, дискалкулија). Наставниците и родителите, во општа смисла, не се доволно запознаени со оваа проблематика и токму поради тоа не можат да ги детектираат потешкотиите на таа возраст. Голем дел од наставниците сметаат дека овој тип на ученици се мрзеливи или имаат слаба концентрација, недостаток на внимание и затоа не покажуваат добри академски постигнувања, што до некаде може и да се смета за точно. Но, не можеме да нагласиме дека сите потешкотии во учењето и читањето се предизвикани токму од дислексијата. Важно е проценката да ја направи стручниот соработник-дефектолог во соработка со инклузивниот тим, откако ќе добие основни информации од наставниците и родителите за слабиот успех кај ученикот-сметаат Стојчевска и Јовановска.

Има ли институционална поддршка?

Tesko citaat i pisuvaat a gi etiketiraat kako nepismeni 5 330x200Според здружението „Ајнштајн“ на ниво на системски решенија ни претстои долг пат за да кажеме дека сме “dyslexia friendly” општествок. Во тек е дијалот со Министерството за образование и наука за создавање на инклузивно општество прво со утврдување на дислексијата. – МОН треба да усвои дефиниција што точно претставува дислексијата, со цел истата да се оддели како посебна состојба за потоа да може да се пристапи кон подоготовка на воведување на подзаконски акти и уредби на законот каде што би се вовела дислексијата како предмет на посебен третман. Мал дел од наставниците и педагозите се подготвени за препознавање на дислексија, а уште помал дел се информирани за тоа како да им помогнат на учениците. – вели Дамјан.