Активирај се | Создадено од вас |

Тинејџерите со фантазија, може да видат поубав свет од возрасните

feat-img

Бесјона Јусуфи I-6, СОУ „Јосип Броз Тито“ – Битола

Понекогаш постојат логични прашања, кои, младите им ги посочуваат на возрасните, но тие немаат одговор. И возрасните најверојатно не разбираат некои работи правилно, можеби се премногу апстрактни за да ги дефинираат, но исто така и невозможно да ги разберат.

Живеејќи во времето за кое сите велат дека е најубаво, фантазијата е исполнета со знаење за светот околу мене. Но, всушност, не е фер да мислите дека само мојата возраст е поубава, секоја возраст има свои бои и вредности. Токму оваа возраст, која нѐ турка низ вратите на средните училишта и не запознава со нови личности, со ново општество, за мене e уште поголема промена- да учам втор јазик. Всушност, јас и сите мои соученици се обидуваме да чекориме на патот на возрасните и професорите нѐ гледаат како такви.

Ова е возраста која нè учи да се бориме за да постигнеме посебен успех, да ги допреме нашите соништа, за во иднина тие да бидат исполнети! Ова е возраста кога ќе разберете колку може еден човек да биде вреден во вашиот живот, како може искрениот збор да вреди повеќе од еден скап подарок. На оваа возраст може да се разбере горчината на смртта, кога ќе видите како пријателите и децата од генерацијата ги губат своите животи и кога дознавате дека здравјето ги надминува славата и успехот што може да ги имате. И моментот кога животот секогаш ќе игра игри со вас, ќе ве подигне, но во исто време ќе ве носи и најдолу.

Физички сме исто така многу изменети-гласот, формата на телото, косата, лицето, но барем насмевката останува иста како и порано. Не само што се менува физичкиот изглед, туку и се размислува подлабоко- наоѓаме начин да се инспирираме многу лесно, размислувајќи многу тешко.

Познавам многу деца кои почнуваат да пушат цигари, да пијат алкохол и глумат како не можат да се откажат. Колку и да имаат лични проблеми, постојат и други решенија за наша возраст, можеби малку релаксација, малку музика, или пак, некоја убава книга.

Еден тинејџер може да пишува и фантазира додека има енергија… Сепак, еден тинејџер може да го види светот поубаво од било кој возрасен човек.