Активирај се | Создадено од вас |

Творењето за деца е најубавата работа на светот

feat-img

Да се биде писател за деца е пред сѐ голема одговорност. Оваа професија не е едноставна зашто треба да поседувате и талент и широки познавања за литературата, педагогијата, псхилогијата… Да се создава литература за деца е многу чувствителна работа, треба да се следи пулсот на современото дете, но и патоказите на реномираните писатели за деца во светот. Но, сѐ се учи ако се има желба, љубов и силна мотивиција кон тоа што се прави.

Мила Трајчева во нејзиниот видео поткаст сака да ги натера младите да се вљубат во предизвиците што оваа професија ги носи и да ја земат во предвид кога ќе размислуваат за својата иднина.

 

Видеото е изработено како завршна задача на мастер часовите за медиуми и новинарство, организирани од Институтот за комуникациски студии и ИРЕКС во рамките на проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.