Ученици од „Ѓорче Петров“ од Кавадарци промовираат здрава исхрана
Ученици од средното училиште „Ѓорче Петров“ од Кавадарци ја промовираа органската храна како важен дел од здравиот начин на исхрана и на одржливото земјоделско производство.
Во училишниот хол, преку едукативна презентација ги запознаа соучениците со придобивките на органската храна, на училишните паноа прикажаа постери, фотографии и еколошки пораки дека храната може да биде лек, а на убаво уредена трпеза презентираа храна подготвена во домашни услови и свеж зеленчук и овошје типични за македонското поднебје. Активности се реализираа во рамки на проектот Интеграција на еколошката едукација во македонскиот образовен систем.