Вештачката интелигенција во борбата против пожари: за некого сегашност, за нас иднина
Вештачката интелигенција ја освои и сферата за детектирање и справување со пожарите. Со дронови и термалните камери пожарите се лоцираат и гасат, а преку комплексниот процес на собирање на милиони податоци за само неколку секунди, се предвидува непогодата.
Во Македонија дронови имаме видено, но само како позајмица од француските пожарникари кои беа повикани на помош кога многу наши граѓани стравуваа за своите животи поради големите пожари пред три години.
Нè чека пеколно лето, температурите ќе уриваат рекорди, а зголемениот број на пожари е веќе најавен. Затоа надлежните институции не треба да ги занемаруваат светските трендови. Вештачката интелигенција не треба да биде наша иднина, туку треба да биде наша сегашност и заедно со не да се бориме против климатските промени.
Автори:
Андреј Димов
Луциа Василева
Ванеса Костадинова
Марија Лазева
Ментор: Соња Петрушевска