Активирај се | Создадено од вас |

Вла­тко Сте­фа­нов­ски им одр­жа пре­да­ва­ње на те­тов­ски­те сред­но­школ­ци

feat-img

Сред­но­школ­ци­те од др­жав­но­то му­зич­ко учи­ли­ште „То­дор Ска­лов­ски-Те­то­ец“ имаа мож­ност да слу­ша­ат пре­да­ва­ње од еден од нај­поз­на­ти­те ма­ке­дон­ски му­зи­ча­ри Вла­тко Сте­фа­нов­ски. Тој ме­се­цов бе­ше го­стин во те­тов­ско­то учи­ли­ште, а по­крај пре­да­ва­ње­то, уче­ни­ци­те имаа мож­ност и да раз­го­ва­ра­ат со не­го и во жи­во да слуш­нат дел од не­го­ви­от бо­гат ре­пер­то­ар.

– Ни се ис­пол­ни жел­ба­та во на­ше­то учи­ли­ште да го­сту­ва на­ши­от нај­поз­нат му­зи­чар и ги­та­рист Вла­тко Сте­фа­нов­ски кој све­тот одам­на го има по­ста­ве­но ка­ко му­зич­ки ве­ли­кан. Кон­церт­на­та са­ла на учи­ли­ште­то бе­ше пре­пол­на, а кон­цен­тра­ци­ја­та на ма­кси­мал­но ни­во ко­га Вла­тко збо­ру­ва­ше и ги мо­ти­ви­ра­ше на­ши­те уче­ни­ци. Огром­но е зна­че­ње­то за мла­ди­те му­зи­ча­ри да чу­јат од искус­тво­то на на­ши­от Вла­тко Сте­фа­нов­ски, кој во му­зич­ка смис­ла го има осво­е­но све­тот, а сѐ уште знае да би­де оби­чен чо­век и да раз­го­ва­ра со си­те нас – из­ја­ви ди­ре­кто­рот на учи­ли­ште­то, Љуп­чо Пе­рин­ски, за др­жав­на­та но­вин­ска аген­ци­ја МИА.

И уче­ни­ци­те се прет­ста­ви­ја пред Сте­фа­нов­ски. Тие под­го­тви­ја кра­тко ви­део со се­квен­ци од не­го­ва­та му­зич­ка ка­ри­е­ра, а дел од уче­ни­ци­те на­ста­пи­ја и со свои му­зич­ки точ­ки.

ФОТО: МИА