Активирај се | Создадено од вас |

Владата повеќе да го финансира спортувањето

feat-img

Оливер Иванов, СОУ „Митко Пенџуклиски“ – Кратово

Во денешно време, се помалку се спортува. А, доколку се спортува тоа најчесто младите го прават бесцелно, без никаква цел. Што е причината за тоа-дали недостатокот на ресурси или неисплативоста во вложување во спортот во нашата држава ? Или пак нешто друго е пречката?

Спортот е една од најважните физички активности. Благодарение на него, правилно растиме и физички правилно се развиваме. Спортувањето треба на многумина да им е биде примарно хоби, за правилен раст и развој. На одредени луѓе тоа и е, но на мноштвото од младината повеќе не е. Причината за тоа е и повеќе од јасна- појавата на новата супер технологија ги ,,зацврсти“ младите за компјутерите и мобилните телефони, таблети. Со што тие физичката активност речиси ја отфрлија од нивните животи. За жал, тоа е слика на денешната сурова реалност.

Но, сепак има млади кои спортуваат. Но со каква цел го прават тоа ? Дали со желба дека ќе станат  познати спортисти или пак нешто друго се крие зад тоа ?

Спортуваат да, за рекреација и правилен развој, и тоа е добро. Но, зар не би било подобро кога добри спортисти од тој спорт би направиле бизнис ? Сепак,  многу малку и се стремат кон тоа.
Можеби затоа што до слава и популарност не може да се дојде во мала земја каква што е Македонија, па затоа на многумина и не е им исплатливо финансирање и усовршување на спортски план.

Во Македонија за спорт постојат многу скриени таленти и тие треба допрва да се откријат и тоа најмногу преку наставата по предметот „Спорт и спортски активности во средните училишта“. Воедно, мора да се реши проблемот со недоволното спортување на младите, а и Владата да започне кампања по медиумите каде спортувањето ќе го претстави како најдобар начин за рекреација и правилен развој на младите.