Во онлајн малтретирањето и пасивните набљудувачи имаат улога
Онлајн-насилство (сајбер-булинг) е малтретирање што се случува преку дигитални уреди како што се мобилни телефони, компјутери и таблети. Сајбер-булингот може да се случи преку СМС текстуални пораки и апликации или преку интернет на социјалните медиуми, форуми или игри каде што луѓето можат да гледаат, учествуваат или споделуваат содржина.
Mалтретирањето вклучува испраќање, објавување или споделување негативна, штетна, лажна или злобна содржина за некој друг.
Најчестите места каде што се случува се социјалните медиуми, како Facebook, Instagram, Snapchat и aпликации за текстуалии пораки и пораки на мобилни или таблет уреди или инстант пораки, директни пораки и онлајн разговор преку интернет
Посебни грижи
Со распространетоста на социјалните медиуми и дигиталните форуми, коментарите, фотографиите, објавите и содржината споделена од поединци често може да ги гледаат непознати, но и познаници. Содржината што поединецот ја споделува онлајн и нивната содржина и секоја злобна или навредлива содржина создава постојан јавен запис за нивните ставови, активности и однесување.
„Според мене, една од најголемите последици кои ги остава сајбер-булингот се оние врз менталното здравје“ – вели психологот Јорданка Черепналкова Трајкоска, која истакна дека е уште полошо кога некој од страна ги следи настаните и не е доволно информиран на темата, но, покрај сѐ ја проширува веста од негова гледна точка, што го засилива притисокот и доведува до искривена слика за жртвата, но и на причинителот.
Овој јавен запис може да се смета како онлајн репутација, до која може да пристапат училишта, работодавци, колеџи, клубови и други кои можеби истражуваат поединец сега или во иднина.
Може да биде постојано и да нема „безбедна зона“
Сајбер-булингот може да наштети на онлајн репутацијата на сите вклучени, не само на лицето кое малтретирано, туку и на оние што го прават малтретирањето или учествуваат во тоа. Сајбер булингот има уникатни грижи по тоа што може да биде:
- Постојано – дигиталните уреди нудат можност за непосредна и континуирана комуникација 24 часа на ден, така што може да биде тешко за децата кои доживуваат сајбер малтретирање да најдат олеснување.
- Повеќето информации кои се доставуваат по електронски пат се трајни и јавни, доколку не се пријавени и отстранети. Негативната онлајн репутација, вклучително и за оние кои малтретираат, може да влијае на приемите на факултет, вработувањето и други области од животот.
- Тешко е да се забележи бидејќи наставниците и родителите можеби нема да слушнат или да видат дека се случува сајбер-малтретирање, потешко е да се препознае.
Ваков пример имаше околу пет години, кога со случајот Јавна соба, осамнаа слики од група девојчиња и беа недолично коментирани на социјалните мрежи. Сето тоа создаде голема бука и реакција во јавноста која доведе до сериозни последици на жртвите на сајбер булингот.
Многу е битен факторот на набљудувачот кој може да ја разгори или да ја смири ситуацијата, во зависност од тоа каков став би зазел.
Кај обичното насилство имаме „безбедна” зона (пр.: кога имаме булинг во училиште, тоа најчесто се сведува само на ниво на училиште и не продолжува надвор), но сајбер булингот може да трае 24 часа и да се протега подолг временски период и имаме сведоци или така наречени пасивни учесници кои знаат да одат предалеку и да влијаат врз менталното здравје на жртвата.
Да се обидеме да внимаваме пред да коментираме туѓ изглед и пред јавно да го споделиме нашето мислење, бидејќи можеме сериозно да оштетиме нечиј живот.
Автор: Михаил Ангелески, средношколец во СОУ „Ѓорче Петров“, Прилеп