Активирај се |

Што прават средношколците на Кампот за медиумска писменост 2024?

Учеа да пишуваат вест, да изберат соодветен соговорник и да направат интервју. Ja открија тајна на добрата фотографија и учеа да снимаат и монтираат. Се поделија во групи и се натпреваруваа – кој ќе направи најдобра фотографија и видео! Влегоа во светот на инфлуенсерите, а зборувавме малку и за животната средина и за сајбер безбедноста. Стекнаа вештини за препознавање дезинформации и содржини направени со помош на вештачка интелигенција.

На крај се поделија во групи и работеа на медиумски производи на различни теми.

Новинар: Катерина Топалова

Снимател: Иван Поповиќ

Монтажа: Мајда Бошњак Атанасовска