Свесни ли сме колку технологијата и социјалните медиуми ни го одземаат времето?
Во современиот свет технологијата и социјалните медиуми станаа дел од нашето секојдневие. Често не сме свесни колку време ни одземаат. Истражувањата покажуваат дека луѓето во просек поминуваат повеќе од два часа дневно на платформи како што се Фејсбук, Инстаграм и Твитер. Но, дали тоа време е уште под наша контрола или сме плен на бескраен виртуелен свет?
Од кратки паузи за оброк до доцна во ноќта „скроламе“ низ вести – ова може да има сериозни последици. Секој „клик“, секој „лајк“ или споделување го одзема нашето слободно време, кое можеме да го искористиме за други активности или за квалитетно време со семејството и пријателите. Прекумерната употреба на социјалните медиуми може да доведе до намалена продуктивност, недостаток на физичка активност и социјална изолација. Покрај тоа, може да се развие и зависност од технологијата што може да влијае на психичкото здравје. Ова е чест проблем што може да биде игнориран или запоставен, но влијанието на технологијата и социјалните медиуми врз нашето денешно општество е драстично зголемено.
Ова го потврдува и анкетата на Институтот за комуникациски студии, според која една четвртина од младите се во критичната група за кои денот почнува и завршува со Инстаграм или Фејсбук, а рутина е постојано прегледување на коментари и лајкови при поставување на одредена слика на профилите.
Анкетниот прашалник беше спроведен во периодот од декември 2023 до март 2024 година на примерок од 345 испитаници на возраст од 18 до 29 години со различни демографски и социоекономски карактеристики.
На оваа тема спроведовме истражување и ги прашавме професорите и учениците во СОУ „Гоце Делчев“ во Валандово колку тие го поминуваат нивното време на социјалните мрежи.
Важно да бидеме свесни за времето кое го поминуваме на социјалните медиуми и да си поставиме граници. Инвестирајте го времето во квалитетни активности кои ќе ви донесат задоволство и напредок. Времето е наш најскапоцен ресурс и треба да го користиме мудро. Технологијата треба да биде алатка за забава и производност, а не замена на животот надвор од екраните.
Автори: Славе Стојановски Јордан Стојановски, Ивана Гугуљанова, Мартин Петров и Кристина Танчева, ученици во СОУ „Гоце Делчев“ – Валандово.