Активирај се | Создадено од вас

За занаетчиите во Старата битолска чаршија со берберот Николче Димшоски 

Николче Димшоски е бербер во старата битолска чаршија и веќе 25 години е таму. Но, неговата приказна започнува многу одамна, тој вели дека од дете ја има љубовта кон занаетот, а сите тајни за него ги научил од неговиот татко. Бројот на млади се намалува сите заминуваат во странство, а затворени кепенци низ чаршијата се повеќе има.

Автор: Давид Козаров

Оваа содржина е изработена во рамки на проектот за медиумска писменост на УСАИД „Младите размислуваат“ кој го спроведува ИРЕКС во партнерство со Институтот за комуникациски студии, Македонскиот институт за медиуми и Младински образовен форум.