Заканата од кучињата скитници се должи на луѓето
Кучињата скитници претставуваат проблем, како во Велес, така и во целата држава. Граѓаните пријавуваат голем број на случаи на напади од кучиња скитници. Во последните години овој проблем се зголемува драстично. Според извештајот на МВР е зголемена за повеќекратно.
Сашко Ташковски е ветеринар во велешката приватна амбуланта „Ташковски”. Тој е со повеќегодишно искуство и е воведен во тематиката за кучињата скитници. Укажува дека ова се случува бидејќи кучињата скитници не ги сметаме за вредни како и нашите домашни миленици. Луѓето со домашни миленици често немаат никаков проблем со домашните миленици, но надвор кон скитниците се реагира лошо со бркање, клоцање…
Граѓаните во Велес ја опишуваат лошата глетка на многубројните напуштени кучиња.
„Има деца, млади, и повозрасни се плашат. Тоа е најнеубавото чувство. Лежат секаде и носат зараза”, вели граѓанин на Велес. Покрај ова, си го поставува прашањето, кое и сите ние барем еднаш сме си го поставиле:
-„Јас се прашувам, и ве прашувам и ги прашувам, од каде се кучињата?”
Кој ги носи уличните кучиња
На ова одговор дава Сашко кој вели дека големиот број на кучиња скитници се должи на нас самите поради неконтролираното размножувње и воедно одбивање за кастрација и стерилизација на кучињата.
Факт е дека скитниците носат заразни болести со нив. При разговор со докторката Паула Медаровска се запознаваме детално како да се справиме со загрзизите од кучињата скитници.
Што да направиме за да спречиме напад од кучиња скитници?
– [ ] Да се одбегнува било каков контакт со кучето доколку го чувствуваме дека е агресивно
– [ ] Да не правиме нагли движења со рацете, телото, торбите, да не зборуваме со авторитативен тон, а најмалку да пробаме да го клоцнеме
– [ ] Да ги заобиколуваме за да спречиме било каква можност за загриз од нагло движење
Доколку нападот се случи, треба да се водиме низ следните чекори:
– [ ] Најпрво да се смири повредениот од паниката
– [ ] Проверка на раната и нејзина обработка, во домашни услови со сапун и вода
– [ ] Да се побара помош од стручно медицинско лице и во зависност од големината на раната соодветно да се третира
– [ ] Превентивно се пие антибиотик и најважно имунизација против тетанус
– [ ] Доколку кучето не е вакцинирано против беснило, имаме покломплексен третман од инфектолог Подетално објаснување од докторката Паула Медарова може да се слушне во продолжение:
Д-р. Паула Медарова – Што ако ве касне куче
Како решение за големиот број кучиња скитници советите од ветеринарот Ташковски е:
– [ ] Да се направи “Animal Police”- животинска полиција која редовно ќе ги проверува домовите кои што имаат миленици
– [ ] Секој миленик да има пасош и чип и да се проверува неговата веродостојност од страна на полицијата
– [ ] Доколку се одбие кастрација и стерилизација, да се плати данок кон општината кој ќе биде пренасочен за грижа за кучињата скитници
Колку и да имаме кучиња скитници низ нашите улици, треба да пробаме да ги направиме наши први пријатели со покажување на барем мала грижа. Со сигурност ќе се намали бројката на случаи на напади само ако ги прифатиме како дел од нашето секојдневие. Малку храна, малку вода, најмала грижа, за нив значи живот.
Автори: Василка Карталова, Изабела Ѓурчиновска