Експертски препораки за поголема граѓанска ангажираност
Што влијае на тоа еден млад човек да стане социјално ангажирана личност? Родителите пожелно е да зборуваат отворено за локалните проблеми, наставниците и професорите да покренуваат дискусии за политички и општествени прашања, невладините организации да поттикнуваат граѓанско образование и медиумска писменост, институциите да ги консултираат младите за одлуки што се битни за нив, а медиумите да создаваат содржини што ќе ги натераат да бидат граѓански поактивни.
Дознајте од препораките на специјалните гостинки во краткиот поткаст „Be a Nice Human“.
Видеото е изработено врз основа на наодите од истражувањето „Поттикнување на граѓанскиот активизам на младите луѓе преку медиумско ангажирање“ што Институтот за комуникациски студии го спроведе во проектот „Користи факти“, финансиран од Британската амбасада во Скопје.