Анализирај |

Како дезинформациите влијаат на социјалниот ангажман кај младите

Стануваш наутро и гледаш дека девојка ти те барала 16 пати на телефон! Ѝ ѕвониш, а таа е цела испаничена зашто читала некаде дека изминатата ноќ имало „масакр“ во најпопуларниот клуб во градот. Можеби и ти ќе се испаничиш, ама затоа седни и провери – од инстаграм-профилот на клубот, од различни медиуми, од видеоприказни на луѓе или лично од другари кои биле таму.

Бидете проактивни, а не само скролачи! Проверувајте факти и пријавувајте дезинформации! Како? Погледни го краткиот поткаст „Be a Nice Human“. Темата е колку младите се зависни од социјалните медиуми, дали споделуваат дезинформации и колку таквите дезинформации ги прави неангажирани.

Видеото е изработено врз основа на наодите од истражувањето „Поттикнување на граѓанскиот активизам на младите луѓе преку медиумско ангажирање“ што Институтот за комуникациски студии го спроведе во проектот „Користи факти“, финансиран од Британската амбасада во Скопје.