Анализирај | Чичко Мрчатор |

Прирачник за теории на заговор

feat-img

Вистински заговори постојат. „Фолксваген“ направил заговор за измами на тестовите за емисиите на нивните дизел-мотори. Тутунската индустрија ја манипулирала јавноста за штетните ефекти на пушењето по здравјето. За овие заговори знаеме преку внатрешни документи од индустријата, владини истраги или укажувачи.

Теориите на заговор имаат тенденција да опстојуваат долго време дури и кога нема одлучувачки докази за нив. Тие теории на заговор се засноваат на различни шеми на размислување за кои се знае дека се несигурни алатки за следење на реалноста. Вообичаено, теориите на заговор не се поддржани со докази што можат дa издржат критичка проверка, но тоа не ги спречува брзо да се шират.

Теориите на заговор се штетни за општеството на повеќе начини – изложеноста на теории на заговор ги ослабува намерите на луѓето да се вклучат во политика или да го намалат својот јаглероден отпечаток. Со цел да се сведат на минимум овие штетни ефекти, Прирачникот за теории на заговор ви помага да разберете зошто теориите на заговор се толку популарни, објаснува како да ги препознаете особините на конспиративно размислување и нуди ефективни стратегии за разоткривање.

Во авторство на професорите и истражувачи Џон Кук и Стефан Левандовски, а преведен на македонски и албански од Инстиутот за комуникациски студии, ви ја претставуваме дигиталната верзија на Прирачникот за теории на заговор.