Социјална ангажираност на младите
Кошот во твоето маало планираат да го срушат и да прават гаража. Пробуваш да направиш некаков протест, ама не оди. А нели е тоа баш причина за протест? Ако не се буниме, не правиме протест, тоа само ќе продолжи и ќе трае.
Дали би излегле на протест, би потпишале петиција, би алармирале преку медиумите, би се вклучиле во некоја граѓанска организација? Токму социјалниот ангажман на младите луѓе овој пат е тема на краткиот поткаст „Be a Nice Human“. Кога и како младите станаа толку апатични и како да бидат граѓански и политички поангажирани?
Видеото е изработено врз основа на наодите од истражувањето „Поттикнување на граѓанскиот активизам на младите луѓе преку медиумско ангажирање“ што Институтот за комуникациски студии го спроведе во проектот „Користи факти“, финансиран од Британската амбасада во Скопје.