Гуглај паметно |

Безбедност при онлајн активизам

feat-img

Во самиот вовед напоменавме дека еден од аспектите зошто може да се користат дигиталните канали за комуникација е безбедноста и заштитата. И покрај самиот факт што на интернет секоја акција остава трага зад себе сепак со малку претпазливост може да се создаде навика која обезбедува делумна или целосна анонимност при комуникација, без разлика дали е тоа директна или комуникација кон поголема публика.

Постојат неколку аспекти на кои треба да се внимава за побезбедно функционирање, тука пред се би ја истакнале безбедната директна комуникација, хакирање (пристап) на сметки (акаунти), крадење на уреди, вметнување на вируси и компјутерски напади.

Имајте на ум, безбедната комуникација секогаш бара компромис помеѓу заштитата и удобност во користењето. Безбедноста секогаш треба да им е приоритет на оние кои се навистина под лупа или закана, не е нешто што мора на секое ниво да го практикувате. Секако се започнува со уредите кои ги користите, мора да бидете сигурни дека тие не се следени од самиот почеток пред воопшто вие да преземете чекори за заштита при интернет комуникацијата.

Безбеден уред

Доколку не сте сигурни дали компјутерот кој го користите е безбеден имајте на ум дека секогаш може да го користите TRAILS преносниот оперативен систем кој може да се користи од USB или CD.

Кога еднаш ќе се уверите дека уредот е безбеден мора да размислите за e-mail клиентите кои ги користите, колку се тие безбедни и заштитени и дали имаат опција да користат т.н. PGP енкрипција.

Доколку доминантно користите паметен телефон прелиминарно е да внимавате да не биде бројот и самиот уред поврзан со вашите лични податоци. Дополнително проверете кои од апликациите овозможуваат енкриптирана т.н. end to end комуникација со можност за испраќање на документи, фотографии, видео и сл.

Доколку ви се потребни конкретни алатки слободно разгледајте ги: Thunderbird, OTR со Pidgin или Adium, Mailvelope за e-mail и Cryptocat.

Безбедни профили и сметки

За да бидете сигурни дека нема да може некој лесно да пристапи на вашите сметки немојте да користите исти или слични лозинки на различни сервиси. Креирајте комплицирани не премногу лични и логични лозинки и од време на време менувајте ги.

Доколку имате проблем да пристапите до својата сметка проверете каде последен пат сте се најавувале, дали сте биле вие последни кои се најавиле и веднаш започнете со проверка и промена на лозинките и сл. Стопирајте ја секоја комуникација преку таа сметка, променете ги лозинките, проверете дали има и како изгледа историјата на користење и размислете кој и од каде би можел да пристапи.

Доколку немате пристап до своите сметки веднаш пронајдете го упатството од самиот сервис преку кое ќе може да пријавите дека сметката ви е преземена и што се треба да напишете и поднесете како доказ за сопственоста на сметката како би можел сервисот во кратко време да ве верификува и да ви го врати пристапот до истата. На следниве линкови можете да ги најдете процедурите и формуларите: GoogleFacebook Twitter

Украден уред

Доколку уредот (компјутер или телефон) ви е украден или изгубен веднаш обидете се да се сетите на кои се сметки и сервиси тој има(л) пристап. Веднаш променете ги лозинките на тие сервиси. Следен чекор е да активирате двостепен чекор за верификација при најава на сметките. Доколку на самиот уред имате активирано можност за следење и блокирање активирајте го и обидете се да пријавите во полиција со што би им помогнале во пронаоѓање на самиот уред.