Гуглај паметно |

Тактики за дигитален активизам

feat-img

Дигиталниот активизам драстично го промени начинот на кој се изразува незадоволство и критика кон општествените и политички теми изминативе две декади. Паметните телефони, интернетот и достапноста на голем број други алатки и сервиси овозможија организација на голем број различни движења кои мобилизираа огормен број на граѓани со цел остварување на некое конкретно влијание или предизвикување промени. Секој ден на интернет осамнуваат различни нови форми на активизам кои ги заобиколуваат традиционалните канали на политичките и општествените движења. Тие пред се ја користат технологијата и мрежите за социјално вмрежување и нудат алтернативни гледишта на организација и обединување.

Од мноштвото различни тактики кои секако се испреплетени во онлајн и офлајн делувањето ќе издвоиме неколку кои доминираат во последниве години како во Македонија така и низ светот.

Блогирање

Подразбира користење на блогот како интернет форма со цел да се влијае во насока на остварување на некоја општествена промена. Луѓето користат блогови за да се борат против различни видови на општествени неправди, како што се неправично ставање во затвор, корупција во Владата, деградација на животната средина, злоупотреба на човековите права и слично.

Во основа, блогот е одлична алатка за активизам затоа што му овозможува на секој кој има интернет врска да започне кампања за општествена промена со потенцијал да биде слушнат, како на локално, така и на глобално ниво. На обичните граѓани им дава неверојатна моќ да им се спротивстават на властите, да делуваат како алтернативни извори на информации, да ги организираат поддржувачите, и да лобираат кај оние кои се на власт.

Да отвориш блог и да блогираш не е ништо посложено од тоа да отвориш електронска пошта и да се допишуваш со пријателите.

Содржината на блоговите е повидлива за пребарувачите, останува актуелна подолго време и претставува одлично сведоштво развојот на одредена активност. Содржината може да објавувана од еден или повеќе автори, или пак анонимно. Истата може на едно место да содржи повеќе мултимедијални типови на сдоржини со што дава дополнителен простор во споредба со статуси, видео или фото објави на социјалните мрежи.

Микро веб страници – Microsites

Станува збор за наменски креирани веб странции посветени само на една конретна тема или проблем кој темелно се обработува. Често овие микро страници може да бидат дел од една конкретна кампања или да бидат поддршка на некоја покомплесна борба за промена.

Алатките кои нудат брзо и функционално градење на веб страници овозможуваат вакви микро страници да се појавуваат почесто и со рaзлични функции во себе.

Локално постојат неколку добри примери на оваа тема: javendolg.mkpatnitrosoci.mkskopjesezagreva.mk и други.

Таргетирање на платени реклами на пребарувачи – Paid Search Targeting

Дневно на Google се случуваат повеќе од 3.5 милиони пребарувања. При прикажувањето на голем дел од резултатите се прикажуваат и платени реклами. Токму овие реклами се едни од нај ефективниот начин добро таргетирано да ја пренесете вашата порака. Знаете кои луѓе би пребарувал со конкретниот клучен збор или фраза, ја претпоставувате нивната намера, подготвувате реклама токму за нив и измамувате клик. Со креативна употреба оваа тактика може да биде насочена кон преземање на агендата за одредена тема или едноставно прикажување на другата страна на проблемот пред целна публика која инаку ви е тешко достапна на друг начин. Исто така истата тактика може да се употреби и при т.н. его-сурфин (кога сам себе се пребаруваш на google).

#Хаштаг кампања

Веројатно една од нај ефективните тактики на дигиталниот активизам е употребата на хаштаг (hashtag). Хаштаг е всушност клучен збор, фраза или акроним со # пред него кој означува тема за која пишуваат (се залагаат) повеќе корисници на социјалните мрежи. Се започна од Twitter кога корисниците почувствуваат потреба да ги следат поефективно своите дискусии, за потоа да прерасне во една од основните функционалности на секој следен сервис.

Еден од по свежите глобални примери за хаштаг активизам е #MeToo движењето со кое се проговори јавно против сексуалното злоставување и малтретирање. Кампањата започна во октомври 2017 година и многу брзо доби свои локални варијанти.

И покрај тоа што ваквите кампањи најчесто започнуваат од Twitter, сепак, денес често знаат многу брзи и ефективно да се прелеат и на Instagram, YouTube, Facebook и други платформи. Моќта на овој тип кампањи лежи во можноста брзо да се мобилизираат голем број на активни корисници на социјалните мрежи и со тоа да се зголеми видливоста на самата кампања. Со тоа и да се влијае на центрите на одлучување а и во исто време д се охрабрат поголем број луѓе активно да се вклучат со поконкретна поддршка.

Локално една од првите и најмоќни хаштаг кампањи беше кампањата #протестирам која започна по обидот за прикривање на инцидентот на плоштадот во Скопје по кој беше убиен млад човек.

При обид за креирање на ваква кампања важен е изборот на самиот хаштаг. Ваквите кампањи имаат за цел да ја постават рамката во која ќе се одвива дискусијата. Добро одбран хаштаг може позитивно да влијае на дефинирањето на вредносните кои се асоцирани со политичката позиција и да привлече поголем број луѓе да дискутираат на темата. Често хаштагот е поларизиран збор кој ги инспирира луѓето за заземат позиција и да дискутираат за неа. Како соодветен локален пример може да послужи хаштагот #СлушниЈа поврзан со кампањата 16 дена активизам против родово базираното насилство.

Еден од основните рецепти за успешност на одреден хаштаг е обезбедување на критичен број на поддржувачи во раната фаза на употребата на истиот. Важно е пред да се пушти во употреба хаштагот да се провери дали постои претходна негова употреба (кирилица и латиница) од некоја друга страна (може и да е друга земја, јазик и сл.). Сето ова е во насока на избегнување на непотребно мешање на повеќе различни содржини во понатамошната комуникација

Онлајн (политичка) пародија и сатира – мемиња

Кога би ја земале предвид дефиницијата на Лимор Шифман за интернет мемиња како општествено конструиран јавен дискурс во кој различни меме варијации претставуваат различни ставови и гледишта тогаш може лесно да сфатиме зошто мемињата се моќна алатка за разбирање на генералното мислење на општеството. Истото важи и за мемињата кои допираат до актуелните општествено-политички теми. Тие ги одразуваат ставовите како треба или не треба да биде одредена политичка реалност.

Мемињата ја имаат моќта на брзо и масовно споделување а со тоа и огромен досег до публиката. И покрај тоа што самиот чин на вакво споделување често е на удар на критика затоа што е „лажен” активизам, сепак кога станува збор за политичка содржина некои конкретни студии потврдуваат дека всушност се важна и деликатна активност. Споделувањето на ваква содржина значи дека се надминати стравовите за нарушување на личната приватност во поглед на политичките ставови и сл. Последните истражувања покажуваат дека интернет мемињата играат важна улога во политичкото изразување и граѓанската еманципација.

Денес особено актуелни се Intagram и Facebook профилите/страниците кои се посветени токму на ваква содржина. Од локалните примери може да ги издвоиме: Seir, Просечен Македонец во Европа, kamaj.net и други.

Глобално платформа каде најмногу се развива оваа култура е reddit. Овој сервис е сопственик и на најпопуларниот сервис за објавување на мемиња – giphy.com. Мемиња може да се креираат преку голем број различни онлај сервиси или мобилни апликации а историјата на глобално познатите мемиња е архивирана на knowyourmeme.com