Активирај се | Создадено од вас |

Интервју на гимназијалците од „ЈБТ“ со бендот „Дупер“

feat-img

Не може да помине еден ден, а една од нивните песните да не се слушне на радио станиците во Македонија. Од муабети „еј ќе свириме некогаш“ до познат музички бенд кој стана сечиј тип.

Во овој број на „Медиум“ разговараме со две третини од гупата „Дупер“. Борис и Мартина, во оправдано отусуство на Илчо, разговараа со нашата екипа за тоа како дошло да формираат бенд, кој се нивните планови и какви пораки имаат за младите музичари.

Сите имаат по 20 години и се трета година на факултет. Борис студира економија, Мартина е на музичка академија, а Илчо студира психологија. Нивното првенче „Не сум твој тип“ се појави минатото лето, а за кратко време постигна над милион прегледи на јутуб. При крајот на ова лето ја издадоа и нивната втора песна  „Тело за на ТВ“, а до крајот на годинава најавуваат нова. За следната пак, во нивните планови е издавање на албум.

„Медиум“: Како дојде до креативноста на името „Дупер“?
Мартина: Еднаш дојдоа Илчо и Борис на проба, иако не беше конкретна проба, рандом го кажаа името „еј можеби ќе се викаме Дупер, ама ќе видиме може и нема“. Многу долго бевме без име, околу една година сигурно.
Борис: Илчо седум месеци се нервира затоа што немаме име и „Дупер“ беше една интересна варијанта којашто ја смисливме. Имавме и други опции да се вика бендот како: „Алфрак“, „Лама“, „Најлoн“, но „Дупер“ беше најдобра опција од сите.

„Медиум“: Кога и како се споивте и решивте да направите музичка група што освои многу срца? Кој беше мотивот?
Мартина: Музиката беше главниот мотив да се споиме. На свирки јас и Борис секогаш зборевме „ејј ќе свириме некогаш“ и така еве сега свириме и имаме свој бенд.
Борис: Мартина и јас искачавме во Лептокарија, кога беше шема, а со Илчо сум од ‘Орце’ заедно учевме во ОХА (низ смеа).

„Медиум“: Дали можеби некогаш сте размислувале да го проширите бендот?
Борис: Сме размислувале, но конкретно во моментов функционираме како трио и така нè  знаат сите. И три е среќен број. Пет не знам дали, но може наеднаш да скокнеме на плус четворица.

„Медиум“: Кој е задолжен за создавањето на музиката и текстот? Дали сами ги пишувате и правите песните?
Борис: Сами ги правиме, и текстот и музиката. Во принцип нема еден што прави, сите заедно ги правиме.
Мартина: Сите правиме заедно, и кој има идеја ја споделува, па ја прошируваме заедно.

„Медиум“: Имате ли некој бенд/изведувач кој го гледате како идол или инспирација?
Борис: Мене инспирација во средно ми беа Red Hot Chili Peppers и оттаму ми е стилот на свирење. Песните наши не знам на што потсетуваат, но некои велат дека стилот бил како на Сарс, веројатно поради вокалот. Црпам инспирација од повеќе бендови што сум ги слушал додека ја создававме музиката (период од 7 месеци) и оттаму произлегува инспирацијата, не можам да издвојам еден бенд или изведувач.

„Медиум“: Кој ви е најголема поддршка?
Мартина: Претпоставувам родителите дома.
Борис: Мама, тато, бато…
Мартина: Баба, дедо, вујче.. Сите нè поддржуваат, но кога подобро ќе размислам најголемата поддршка сте ни сите вие, средношколци, луѓето на наша возраст, помали, постари и многу поголеми.
Борис: Редовно имаме снимки од бебиња или мали деца како пеат наши песни или играат на нив.

Edna godina bevme bez ime Duper go kazavme random i ostana 2„Медиум“:Кога да очекуваме нова песна?
Борис: Пред Нова година, во декември.
Мартина: Во превод, многу брзо ќе излезе новата песна.

„Медиум“: А, албум?
Борис: Во 2019г., веројатно на пролет.

„Медиум“: Дали имате во план да соработувате со некој македонски или странски изведувач?
Борис: Да, имаме во план, но не знам дали смеам да издавам вакви работи. Работиме на случајот.

„Медиум“: Дали ви е во план да се претставите и на пошироката светска сцена или ќе се задржите само на македонската?
Мартина: Најпрво сакаме тука да се пробиеме и претставиме. Прво да започнеме со ‘турнеи’ овде кај нас, па понатака за пошироко. Сакаме најпрво да го поминеме тоа, за поголемо искуство понатаму.

„Медиум“: Што би им препорачале на младите бендови кои сакаат да успеат во Македонија?
Мартина: Да веруваат во себе и тоа што го прават.
Борис: Да веруваат и да се буткаат малку повеќе. Да не застанува на тоа само „еј направивме песна и супер толку“, малку посериозно да си ја сфатат работата. Треба да се вложува многу, повеќе музицирање, создавање и креативност. Најбитно е да имаш креативност за она што сакаш да го правиш, не да се ограничуваш со парите иако тие би биле добредојдени за реализирање на идеите.

Автори: Елена Астарџиева и Славенија Поповска, ученички во втора година во СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“, Скопје