Активирај се | Создадено од вас |

Јана Буческа, овогодишна претставничка на „Евровизија“

feat-img

„Од срцето на Балканот, од земјата со безброј скриени убавини“ е одговорот што ќе го даде ако некој во Киев, Украина, ја праша Јана Бурчевска од каде доаѓа. Токму таму, за десетина дена Јана ќе настапи на евровизиската сцена, за којшто настап се подготвува со полна пареа. Како течат подготовките, како паднал изборот на песна со која ќе нѐ претставува, но и што прави кога не е окупирана со Евровизија беа темите на кои разговаравме со младата пејачка пред нејзиното заминување за Киев.

Какво е чувството да бидеш овогодишната претставничка на Македонија на најголемиот музички настан во Европа?
Кога ми јавија дека јас сум претставничката ме облеа една неверојатна возбуда, но потоа сфатив каква одговорност носи проектот и тоа малку те спушта на земја затоа што воопшто не е лесна и мала задача. Има безброј ситници на кои треба да се обрне внимание, има многу работа. Неодамна започнавме со проби за финалниот настап и вежбаме по шест часа дневно. Не е лесно, не е мала работа, но е навистина вредно искуство.

jana 1

Како се подготвуваш за настапот на „Евровизија“?
Како што спомнав, имаме активни проби за сценскиот настап, односно за кореографијата. Имаме добро позната кореографка во евровизиските кругови, Амбра Сучи од Шведска. Таа постигна огромен успех со Лорин од Шведска и нејзината песна „Еуфорија“ и моментално е тука во Скопје и максимално ја експлоатирам. Додека е тука сакам сите нејзини финти да ги украдам и да ме научи што може најмногу. Се разбира, работам на пеењето и на вокалната техника, но сепак сум повеќе фокусирана на интерпретацијата и на „сенсот“ што песната го носи. Ова не е песна што бара некои силни вокални способности, туку ова е песна што бара чувство, а тоа е понекогаш многу потешко зашто вокалната техника се учи, но сензибилитетот не. Или го имаш или го немаш.

Од каде дојде инспирацијата за музичкото видео на „Данце Алоне“ и како го доживуваш?
jana buchevska 1Ова прашање всушност треба да му се постави на Сергеј Желеско, режисерот на видеото, бидејќи идејата беше негова. Интересно е што сѐ беше одлучено во последна секунда, значи во последен момент комплетно се смени сценариото на видеото. Првичната замисла беше сосема друга, но ден пред снимањето Сергеј нѐ однесе на вечера и ни кажа „Еј, имам нова идеја“. Мислам дека навистина успеа да даде нова длабочина на песната, затоа што приказната е преопшта доколку ги слушаме само лириките, но кога ќе го погледнеме видеото навистина има една длабочина што не многу песни ја имаат. Секој различно го доживува видеото. Од мој аспект видеото зборува многу за оној феномен колку се чудни луѓето, односно како сите во исто време сакаме да танцуваме и сами, но постојано го бараме совршениот партнер за танц.

Многумина, особено од помладите генерации кажуваат дека оваа песна е една од најдобрите кои Македонија ги има пратено на „Евровизија“. Какво е чувството да знаеш дека твојата музика толку ги допира младите?
Ме прави среќна, се разбира. Секој позитивен коментар, без разлика од која генерација доаѓа, многу ме радува. Затоа и постоиме ние артистите, да ја направиме публиката среќна. Ако публиката е среќна и ние сме среќни.

Како одлучи дека токму таа ќе биде песната со која ќе нѐ претставуваш на „Евровизија“?
Во координација, дискусија и длабока анализа со тимот при Македонската Радио Телевизија имаше отворен повик на кој пристигнаа над 200 песни, и ние имавме задача да седнеме и сите од прва до последна да ги преслушаме и да одбереме некој фаворит. Данце Алоне, знаете како е со песни, штом ќе ви влезат во глава – тоа е тоа. Таа беше една од првите песни кои пристигнаа на отворениот повик и уште на старт, на почетокот на декември, беше меѓу фаворитите. Баш ни се „заглави“ во глава. Не успеа ниту една друга песна да ни остави толкав впечаток.

Дали ја почувствува сцената? Дали се соочи со предизвикот да настапиш на таква голема сцена?
Сѐ уште не, за жал. Ние немаме ни сала ни простор кој нуди барем приближни услови како сцената во Киев. Затоа многу често кога ќе ме прашаат дали имам трема мојот одговор е: „Не знам дали имам трема“. Тоа ќе знам на втори мај, кога ќе ја имам првата проба на сцената во Киев. Првата проба е без публика, а на шести мај е првата проба со публика.

Што ќе одговориш ако те прашаат таму од каде доаѓаш и како би ја карактеризирала македонската музика?
Јас доаѓам од срцето на Балканот, од Република Македонија. Топла земја со безброј скриени природни богатства. Кога станува збор за музиката, ако ме праша некој странец, искрено, затоа што сум имала искуство, знам дека нашата традиционална фолклорна музика за нив е несфатлива. Многу ретко ќе сретнете некој да слушнал за седум осмини такт, но во принцип за нив е егзотична. Јас ја обожавам.

Како го исполнуваш твоето слободно време? Имаш ли хоби?
jana buchevska 2Некое конкретно хоби немам. Во слободно време гледам што може повеќе да се посветам на мојата помала сестра, на семејството, на пријателите. Сакам да поминам што повеќе време со нив, квалитетно време со пријателите и драгите лица, затоа што слободното време станува сѐ повеќе и повеќе апстрактна именка за мене овој период. Верувам дека тоа е само периодично, наскоро ќе помине и ќе можам да се вратам во нормала. Сакам да посетам некоја добра свирка, некој концерт ако има низ Скопје. Едно време и вежбав, ама сега веќе не.

Кои се твоите најголеми музички инспирации, македонски и странски?
Мислам дека најдобар вокал на македонската музичка естрада моментално е Тамара Тодевска, без конкуренција. Многу би сакала да звучам како неа, и се надевам дека еве, кога ќе пораснам, со малку поголемо искуство, ќе можам да ѝ се доближам. Инаку, од светската музичка сцена има многу. Ме привлекува оној фанк-звук. Многу ја сакам Ерика Баду, има една девојка која ми е многу интересна, Лиен Ла Хавас, која не успева баш толку комерцијално да се произнесе на музичката сцена, но топло ја препорачувам на вашите читатели. Понатаму, од овие џез-стандардите многу ми се допаѓа звукот на Ела Фицџералд. Бијонсе е царица во многу погледи, едноставно не може мана да ѝ се најде. Токму песната „Квин Би“, мислам од аспект на изведба. Мајкл Џексон се разбира, Џамирокваи. Има многу, ама мислам дека овие ми се главните.

 Класичната музика како добро утро
Соул, фанк и диско-стилот се оние кои ѝ се омилени на Јана, што вели се забележува и во нејзината евровизиска песна, а како мала класиката ѝ била како добро утро.
– Како многу мала бев многу изложена на класика. Чајковски, Моцарт и Бетовен ми беа како добро утро. За време на божиќните и новогодишните празници се слушаше Хајден. Понатаму, на едно 48-часовно патување со кола до Германија имавме само една касета во автомобилот, а тоа беше Сатурдаѕ Нигхт ат Сан Францисцо, концерт на три исклучително добри гитаристи, Пако Де Луција, Џон МекЛаглин и Ал Ди Меола – вели пејачката.

Автори: Катерина Србиноска и Ангела Димовска, ученички во СУГС Гимназија „Орце Николов” – Скопје