Активирај се | Создадено од вас |

Несуден правник – опинчар со срце

feat-img

Крсте Белев – дипломиран правник кој без ниту еден работен ден по струка работи 30 години како опинчар. Тој изработките од кожа ги прави во работилницата во неговиот дом. Готовите производи може да се најдат во дуќан во охридската чаршија, близу фонтаната.

Крсте, неможејќи да најде работа по својата професија, наоѓа ,,утеха” во семејниот бизнис. Со тоа занаетот од дедото преминал на внукот, а наскоро ќе се пренесе на неговата ќерка.

Крсте Белев дипломиран правник, по занимање опинчар

 

Единствен опинчар во Охрид, а меѓу последните чувари на занаетот во земјава

 

Во неговиот дуќан освен чевли се продаваат и чанти, колани и паричници

 

Сите производи ги изработува рачно од природна кожа

 

Занаетот го работи со љубов, која се јавила по завршување на факултетот

 

Според него, државата треба да ги поддржи и заштити старите занаети

 

„Занаетчиите сме оставени на милост и немилост, лани во Охрид се затворени преку 40 дуќани“

 

Индустријализацијата го загрози занаетчиството

 

Иако својата професионална струка ја заменил со опинчарство, од оваа гледна точка не би променил ништо

 

Неговиот дуќан пред 80 години е основан од неговиот дедо, а сега традицијата ја продолжува ќерката

 

За туристите просторот е како мал музеј

 

Неговото мало богатство се наоѓа во охридската чаршија

 

Фотографија и текст: Давид Козаров и Огнен Груевски