Гуглај паметно |

Како да ја користите Wayback Machine: Истражување на дигиталната историја

Wayback Machine е онлајн архива која ви овозможува да пронајдете стари верзии на веб-страниците. Алатката прави снимки од веб-страници во различни моменти во времето, таа служи како дигитална временска машина. Ова овозможува да се види содржината што е избришана, изменета или ажурирана. Алатката е особено корисна за проверка на факти, враќање на избришани содржини и истражување како наративите или информациите се менувале со текот на времето.

Кога ќе пристапите на почетната страница на Wayback Machine, Во полето за пребарување, внесете го URL-то на веб-страницата што сакате да ја видите. Доколку страницата е архивирана, Wayback Machine ќе прикаже снимки од неа.

Откако ќе ја внесете адресата, Wayback Machine ќе ви претстави временска линија (timeline) која ги прикажува сите датуми кога страницата била снимена. На временската линија, датумите кога страницата е снимена се означени со точки на календарот. Кликнете на одреден датум за да ја вчитате веб-страницата како што изгледала тој ден.

Откако ќе изберете архивирана снимка, Wayback Machine ќе ја прикаже содржината на веб-страницата за тој ден. Ќе можете да ја прелистувате страницата како да сте се вратиле назад во времето. Можете да продолжите да ја користите временската линија на врвот од екранот за да прегледате различни снимки и да видите како веб-страницата се менувала со текот на времето.

Wayback Machine ви нуди увид во дигиталната историја за да ја пронајдете вистината.

Поврзани стории:

Како да ја процените големината на толпата со Mapchecking: Водич за анализа на собири

Како да ја проверите автентичноста на сликите со Google Lens

Кој стои зад веб-страницата? Користете Domain Tools за проверка!