d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

МЛАДИТЕ ЛИДЕРИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ИНВАЗИВНИТЕ ИНСЕКТИ И КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ ВО ТИКВЕШКИОТ РЕГИОН

Носител на проектот: Здружение на граѓани „Ековита“- Неготино

Партнер во проектот: СОУ „Св.Кирил и Методиј“- Неготино

 

Ековита во соработка со средношколците од “Св. Кирил и Методиј” од Неготино ќе спроведуваат кампања за примена на добри земјоделски практики во лозарството во Тиквешкиот регион. Користењето на феромонските стапици за намалување на популацијата на гроздовиот молец ќе ја намали употребата на инсектициди и ќе се намали штетата од лозовиот молец. Со тоа ќе се придонесе кон заштита на околината од загадување и одгледување на безбедни и конкурентни производи.

Ековита е здружение на граѓани од Неготино кое работи на врската помеѓу еколошкото производство и одржливото искористување на животната средина.

СОУ „Св. Кирил и Методиј“ е изградено во 1991 година. Во моментов училиштето нуди можност за едукација на кадар во една од четирите струки меѓу кои: гимназиското образование, билингвалната паралелка, електротехничката  и хемиско-технолошката струка.

 

Контакт лице од организацијата:

Сашко Тодоров,  070 684 036; ekovita@hotmail.com

 

Контакт лице од средното училиште:

Ѓорѓи Ристов, 077 269 393; ristovgorgi144@gmail.com

Галерија