ИНИЦИЈАТИВИ - МАМИЛ |

Здравствена заштита за лицата со попреченост

Ги прашавме родителите на лицата со попреченост каква здравствена заштита добиваат нивните деца.

Родителите посочија дека со години се по болници и центри за рехабилитација, како придружници на своите деца, спречени да засноваат работен однос, а поради ограничувањата во законските прописи, плаќаат за лекарства и престој во болниците и центрите за рехабилитација со целосен износ. Ортопедските помагала што се бесплатни имаат низок квалитет, па повторно останува на родителот да ги купи по многу висока цена. Повеќе од потребни се измени во Законот за здравствено осигурување.

Емисијата е дел од проектот „Инклузија преку медиумите“, кој го имплементира здружението Инклузива во партнерство со ТВ Плус Куманово.