Дебар маало има потреба од катни гаражи- Тротоарите се за пешаците
Граѓаните на Дебар Маало рекоа дека имаат проблем со пркинзите. На поставеното прашање дали имаат некакви потешкотии во наоѓањето на паркинг место, анкетираните граѓани ги отворија своите срца и домови и ни кажаа дека, особено по завршувањето на работното време, имаат особено големи проблеми во наоѓањето на паркинг место и се соочуваат со блокираност на пешачките патеки.
„Еден од проблемите во Дебар маало е паркирањето. Оссновен проблем е што пренатрупано е со возила. Треба катни гаражи. Не може ова вака, тротоарите се зафатени“, изјави еден од анкетираните жители на Дебар маало.
Пренатрупаноста од автомобили и узурпираниот простор од продолжените тераси на околните кафе барови во населбата значително го отежнуваат општоколективното движење. Исто така, како проблем го наведоа и отежнатото доставување на роба и репроматеријали во маркетите и пазарите како резултат на пренатрупаноста со возила, како на обележените паркинг места така и на тротоарите.
Како едно од можните решенија за наведените проблеми на граѓаните, ни наведоа дека разумно решение би било градењето на повеќеетажна катна гаража, на разумно растојание од фрекфентните улици.
Притоа изјавија дека ваквиот долготраечки проблем би требало да биде решен, но никако на сметка на зеленилото.