ИНИЦИЈАТИВИ - МАМИЛ |

Инклузија преку медиуми

ТВ Плус Куманово ја емитуваше првата од петте емисии од серијалот „Инклузија“, која е на тема социјална заштита за лицата со попреченост и нивните семејства. Емисијата е дел од проектот „Инклузија преку медиумите“, кој го имплементира здружението Инклузива во партнерство со ТВ Плус Куманово. Серијалот се имплементира со помош на грант доделен преку проектот „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост”, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и веснкот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европскатиа Унија.