ИНИЦИЈАТИВИ - МАМИЛ |

Концепт за медиуска писменост

Македонскиот институт за Европски студии на 17.11.2017 ја одржа првата работилница на која што студентите беа запознени со концептот на медиумска писменост и тоа теоретскиот наспроти практичнио модел и историската генеза на проблемот.

Исто така беа запознаени со меѓународно – правната регулација на ООН, Советот на Европа и документите на Европската унија. Беше разгледана и дебатирана Европската политика за медиумската писменост и тоа: институциите и Европска политика, како и имплементацијата на концептот односно компаративни аспекти во земјите членки. Предавачи беа: проф. д-р Јасна Бачовска Недиќ, м-р Мартина Глигорова и проф. д-р Татјана Петрушевска.