d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

„Објави ме“

Барајќи начин да се излезе од рамките на редовните содржини на телевизија и на еден нов иновативен начин да се открие кои теми му се важни на реалниот гледач, намерата на проектот „Објави ме“ е на обичните граѓани/гледачи да им се претстави моделот на граѓанско новинарство.


МКЦ Битола во соработка со Тера телевизија за прв пат им овозможува на македонските граѓани директно да се вклучат во медиумскиот простор како репортери и креатори на содржина во краткиот серијал „Објави ме“.


Целта е да се подобри критичкото разбирање на граѓаните за содржините и функционирањето на  медиумите преку нивно директно вклучување како репортери и креатори на медиумски содржини.


Преку изработка на прирачник за медиумска писменост со кој ќе се едуцираат граѓаните како да ги користат медиумите и новите технологии за да направат општествена промена, да се поттикне граѓанскиот активизам.


Коалицијата за медиумска писменост е основана од Високата школа за новинарство и за односи со јавноста, Нова Македонија и Инситутот за различности во медиумите од Лондон и со поддршка на ЕУ.