ИНИЦИЈАТИВИ - МАМИЛ |

„Објави ме“ за медиумскиот ден

feat-img

Objavi ME mediumski den 1

Јас сум Стефан Бужевски граѓанин – репортер кој се јави на повикот на МКЦ за да учествувам во проектот „Објави ме“. Последниов период многу слушам за темата дали како нација сме медиумски писмени или не? Сега сум пред Тера каде денеска очекуваме две групи на средношколци кои ќе ја посетат телевизијата.

Objavi ME mediumski den 2

 

Objavi ME mediumski den 3
Високата школа за новинарство и за односи со јавноста и годинава го организираше организираше Медиумскиот ден. Печатени, електронски и онлајн медиуми од Скопје, Битола и Куманово се домаќини на ученици од повеќе средни училишта. Идејата на овој настан е публиката, а особено младите, да се запознаат со улогата на медиумите во општеството, начинот на функционирање на една редакција, како и со основните новинарски професионални стандарди.

Objavi ME mediumski den 4

Тера телевизија и оваа година беше  домаќин на ученици од две битолски средни училишта.
Први во посета дојдоа ученици од Економското училиште Јане Сандански.

Objavi ME mediumski den 5

Втората група ученици од гимназината Јосип Броз Тито. И со нив разговаравме за тоа што значи телевизијата како медиум особено во денешно време, кога интернетот според некои го зема приматот, но и тие се свесни и знаат дека сепак поголемо е верувањето во телевизијата, во смисла на тоа каква програма се создава, која програма за која публика е, како се проверуваат информациите за да немаме шпекулации, дезинформации и како да се препознаат лажните вести.

Objavi ME mediumski den 6

Јас научив нешто повеќе за како што ја нарекуваме маѓичната кутија. Верувам дека и средношколците кои беа во посета на медиумите знаат плус нешто повеќе од она што досега или малку го знаеле или воопшто не го знаеле.