Што е медиумска писменост?
Медиумски писмен граѓанин не е оној што чита весници, гледа телевизија или слуша радио. Тој е многу повеќе од пасивен консумент. Во првиот прилог од серијалот „Во наше име“ се зборува за феноменот на македонското живеење кој е проблематизиран заради непрофесионалноста на дел од медиумите и новинарите.
Целта на серијалот „Во наше име” е запознавање на јавноста со процесот на создавање медиумски содржини за да се поттикне критичко следење на содржините кои медиумите ги пласираат и активно вклучување на граѓаните во нивно креирање при што граѓанинот ќе се стави во улога на контролор на медиумите.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.