ИНИЦИЈАТИВИ - МАМИЛ |

Трчаат за да се чуе гласот на болните од ретката болест вилсон, хуманитарна акција во скопје

Скопјани денес во Градски парк по трет пат трчаа да им помогнат на болните од ретката болест Вилсон под мотото „Подај рака’. Годинава интересот за хуманитарната трка беше многу поголем отколку минатата година.

Оваа акција ја организира Здружението на граѓани за лица со ретка болест Вилсон – Македонија, кое побара да се обезбеди системски пристап и можност за правилно и квалитетно лекување на пациентите со ретки болести, да се регулираат правата и да се дефинираат политиките и законските решенија за да се решеат проблемите од недостиг на лекови и соодветна дијагностика за лицата со ретки болести.

Оваа статија се продуцира со помош на грант доделен преку проектот „Коалиција за медиумска писменост“, што го спроведува Високата школа за новинарство и за односи со јавноста во соработка со Институтот за различности во медиумите од Лондон и весникот „Нова Македонија“ со финансиска поддршка од Европската Унија. Содржините во оваа статија се одговорност единствено на Сакам да кажам и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.

Линк до оригиналната објава