ИНИЦИЈАТИВИ - МАМИЛ |

Дигитална писменост: медиумска колонизација на политиката vs електронска демократија

На втората работилница во организација на МИЕС на 27.11.2017 студентите учеа за техниките на креирање на политички спектакл или проблемите на современо пакување на политиката како и пресвртот во поимањето на on-line маркетингот во изборната кампања и тоа преку: е-mail; web-site; портали; блогови; news групи; инамички и статички банери; pop-up / pop under прозорци; rich media огласи; социјални мрежи;

Исто така беше дискутирано и за социјалните мрежи и современото поврзување на граѓаните со политиката. Како теми беа поставени: двосмерната комуникација; социјалните мрежи како платформа (и по изборите) за комуникација и граѓански дијалог; владата како жива, а не апстракна сила; менување на начинот и димензијата во која се води политиката; јавната расправа и дебата без ограничување на време и учесници, без посредство на новинар;

Студентите ги усвоија следниве вештини: сommunity manager; водење кампања во нови медиуми; tie break – одлучувачки гласови доколку линијата е тенка; Standard – нема сериозна кампања без on-line; Hibrid – најголем ефект се постигнува ако on-line активностите се пренесат во класичните медиуми. Предавачи беа м-р Мартина Глигорова, проф. д-р Јасна Бачовска Недиќ и доц. д-р Христина Рунчева Тасев.