Заштита на лични податоци
Македонија ќе го менува Законот за заштита на личните податоци. И наместо како до сега прекршителите да плаќаат фиксна сума, од идната година се очекува глобата да биде 4 проценти од обртот на тој што се огрешил. Во изминатите години најчесто медиумите го прекршуваа со објавување цели имиња и презимиња на сѐ уште неосудени лица или кога објавуваа снимки од масовни апсења на кои јасно се гледаат нивните ликови. Жртвите бараат новинарите да работат совесно, почитувајќи ги професионалните стандарди. Нивното искуство покажува дека изложеноста во јавност на ваков начин донело лични трауми за нивните семејства. Следува петтата епизода од серијалот „Во наше име“.

Оваа веб-страница е изработена во рамките на проектот „Употреба на новинарство засновано на факти за подигање на свеста и спротивставување на дезинформациите во медиумскиот простор во Северна Македонија (Користи факти)“, кој се реализира од Институтот за комуникациски студии. Проектот е финансиран од Владата на Обединетото Кралство, со поддршка на Британската амбасада во Скопје. Мислењата и ставовите наведени на оваа веб-страница не ги одразуваат секогаш мислењата и ставовите на Британската Влада.