d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Изрази се преку медиумите 2019

 

Доделени наградите за најдобар медиумски производ од конкурсот „Изрази се преку медиумите“

 

Институтот за комуникациски студии (ИКС) ги додели наградите за најдобрите средношколски медиумски производи добиени на конкурсот „Изрази се преку медиумите“. Овој конкурс ИКС и Високата школа за новинарство преку средношколскиот весник „Медиум“ го организираат 10 години. Темата за годинешниот конкурс е „Сакам да живеам во чиста околина“, која е дел од кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ што ја реализира ИКС со финансиска поддршка на Владата на Обединетото Кралство. Цела деценија преку оваа и слични иницијативи се обидуваме да ги поттикнеме средношколците да го кажат својот став, да бидат гласни и критички граѓани кои знаат во какво општество сакаат да живеат.

Првата награда ја освои Берат Ахметај од СЕТУ „Михајло Пупин“ од Скопје кој преку видео испрати порака во каква животна средина сака да живее. Втората награда е за фото приказната на Сара Николова и Викторија Панова од гимназијата „Кочо Рацин“ од Велес, а третата награда ја понесе Вероника Кузманоска од прилепската гимназија „Мирче Ацев“. Наградите ги врачи британската амбасадорка Рејчел Галовеј која истакна дека заштитата на животната средина е еден од приоритетите на владината програма на Обединето Кралство во Република Северна Македонија. „Откако сум абасадор овде, често ја слушам и читам дебатата низ целата земја за животната средина, загадувањето на воздухот, урбаното планирање, дали има доволно зеленило за повеќе кислород и за повеќе да уживаме. Сите тие се важни прашања затоа што нашите животи зависат од животната средина. Квалитетот на воздухот што го дишеме и храната што ја јадеме покажува дали и колку се грижиме за околината. “ – рече амбасадорката Галовеј.

На настанот беа претставени и 12-те најкреативни медиумски производи чии автори, заедно со првонаградените, ќе учествуваат на летниот медиумски еко камп што ИКС ќе го организира од 8-10 јуни во Струмица и на Смоларските водопади. Тоа се:

  • Тимот на СОУ Гоце Делчев Валандово (фото сторија)
  • Габриела Андонова од гимназија „Св. Кирил и Методиј“ Неготино (фото сторија)
  • Кристина Конева од „Орце Николов“ Скопје (фото сторија)
  • Кристина Филипоска од гимназија „Ј. Б. Тито“ Скопје (видео)
  • Марија Ѓорѓиева и Симона Спанџова од гимназијата „Добри Даскалов“ Кавадарци (фото сторија)
  • Мила Јакимовска од „Орце Николов“ Скопје (фото приказна)
  • Теодор Богоески од „Р. Ј. Корчагин“ Скопје (фото сторија за мобилна апликација)
  • Теодор Богојевски од „Владо Тасевски“ Скопје (видео)
  • Надица Колоска од „Ј. Б. Тито“ Битола (видео)
  • Станиша Станковиќ од „Јован Калаузи“ Битола (фото сторија)
  • Атанасие Заев од „Орце Николов“ Скопје (фото сторија)
  • Петрина Станковска од „Наум Н. Борче“ Крушево (видео)

Учениците можеа да аплицираат со едноминутни видеа и/или фото стории во кои требаше да се изразат што им пречи во нивното опкружување, што тие би промениле, каква порака би испратиле до институциите, до соучениците и до граѓаните, за да живееме во чиста околина. На конкурсот што беше отворен од средината на април до 5 мај 2019 год., пристигнаа 46 апликации, групни и поединечни, од вкупно 24 училишта низ земјавата.

Повеќе информации за конкурсот на www.medium.edu.mk

Скопје, 9 мај 2019

Контакт лице:

Александра Теменугова, е-маил: temenugova@iks.edu.mk; тел: 02 3090 004

 

 

 

 

Конкурс за најдобар средношколски медиумски производ

„ИЗРАЗИ СЕ ПРЕКУ МЕДИУМИТЕ“

 

Институтот за комуникациски студии во рамки на кампањата од јавен интерес за подобра животна средина „Не игнорирај! Реагирај!“ ги повикува средношколците во Македонија да се пријават на конкурсот за најдобар медиумски производ „Изрази се преку медиумите“ на тема „Сакам да живеам во чиста околина“. Учениците и училиштата можат да аплицираат со фотоприказна или едноминутно видео.

Медиумските производи треба на оригинален начин да ги пренесат идеите, интересите и барањата на учениците за промена на животната средина во која што живеат. Во своите фотографии и видеа, учениците треба да прикажат примери од околината за коишто мислат дека е неопходна интервенција од институциите и граѓаните (чист воздух, вода и почва, урбана хигиена, заштита на биодиверзитетот).

Целта на овој конкурс е да се поттикне медиумската писменост и еколошката свесност кај младите кои на креативен начин ќе покажат дека умеат да ги користат медиумите за да предизвикаат промена во средината во која живеат.

Изработка

Фотоприказната треба да содржи од 6 до 8 фотографии со легенда (кус текст што ќе го објасни значењето). Текстот под фотографиите може да биде на кој било од јазиците и писмата што се употребуваат во Северна Македонија.

Видеото не треба да биде подолго од една минута. Доколку се користи музика, треба да се почитуваат авторските права. Дијалозите или која било друга форма на комуникација може да бидат на јазиците што се употребуваат во земјата. Во апликацијата треба да има кусо објаснување, не подолг од 10 редови.

Право на учество

На конкурсот може да се пријават ученици од прва до четврта година од сите средни училишта во Македонија и самите училишта. Дозволено е групно учество на соученици, но ако производот биде награден, наградата ќе се додели на авторот или носителот на пријавата. Доколку училиште се јавува како учесник, наградата ќе се додели на училиштето.

Учесниците може да поднесат повеќе производи во различни формати.

Корисни информации како да се изработи фотографија / фотоприказна или да се снима и монтира видео.

Награди

  • Прва награда – мобилен телефон Samsung Galaxy A7
  • Втора награда – акциона камера
  • Трета награда – акциона камера

За 15-те автори на најдобрите производи, Институтот за комуникациски студии обезбедува учество на неколкудневниот средношколски еко камп што ќе го организира во јуни.

Пријавување

Кандидатите треба да пополнат Формулар за пријавување и заедно со изработениот продукт да го испратат на е-адресата medium@medium.edu.mk најдоцна до 05 мај 2019 година.

Контакт

Александра Теменугова, temenugova@vs.edu.mk, 02 30 90 004.

 

 

Konkurs për prodhim më të mirë mediatik të shkollës së mesme

“SHPREHU PËRMES MEDIEVE”

 

Instituti për studime komunikuese në kuadër të fushatës me interes publik për ambient më të mirë jetësor “Mos injoro! Reago!” i fton nxënësit e shkollave të mesme në Maqedoni që të paraqiten në konkursin për prodhim më të mirë mediatik “Shprehu përmes medieve” në temën “Dëshiroj të jetoj në ambient të pastër”. Nxënësit dhe shkollat mund të aplikojnë me foto-storie ose video një minutëshe.

Prodhimet mediatik duhet që në mënyrë origjinale ti transmetojnë idetë, interesat dhe kërkesat e nxënësve për ndryshim të ambientit jetësor në të cilin jetojnë. Në fotografitë dhe videot e veta nxënësit duhet të shfaqin shembuj nga ambienti për të cilin mendojnë që është i nevojshëm intervenimi i institucioneve dhe i qytetarëve (ajër i pastër, ujë dhe tokë, higjienë urbane, mbrojtje e bio-diversitetit).

Qëllimi i këtij konkursi është që të nxitet shkrim-leximi mediatik dhe vetëdija ekologjike tek të rinjtë të cilët në mënyrë kreative do të tregojnë se dinë ti shfrytëzojnë mediet për të shkaktuar ndryshim në ambientin në të cilin jetojnë.

Përpunimi

Fotostoria duhet të përmbajë prej 6 deri 8 fotografi me legjendë (tekst i shkurtër që do ta sqarojë domethënien). Teksti nën fotografitë mund të jetë në cilën do qoftë nga gjuhët dhe alfabetet që përdoren në Maqedoninë e Veriut.

Videoja nuk duhet të jetë më e gjatë së një minutë. Nëse përdoret muzikë, duhet të respektohen të drejtat autoriale. Dialogët ose çfarë do qoftë forme tjetër të komunikimit mund të jetë në gjuhët që përdoren në vendin. Në aplikacionin duhet të ketë sqarim të shkurtër, jo më të gjatë se 10 rreshta.

E drejta për pjesëmarrje

Në konkursin mund të paraqiten nxënës nga viti i parë deri të katërtin nga të gjitha shkollat e mesme në Maqedoni dhe vetë shkollat. Lejohet pjesëmarrje grupore të bashkë-nxënësve, por nëse prodhimi shpërblehet, shpërblimi do ti ndahet autorit ose bartësit të paraqitjes. Nëse shkolla paraqitet si pjesëmarrës, shpërblimi do ti ndahet shkollës.

Do të paraqesin më tepër prodhime në formate të ndryshme.

Informacione të dobishme se si të punohet fotografia / foto-storia ose si të incizohet dhe të montohet videoja.

Çmime

  • Çmimi i parë – telefon celular Samsung Galaxy A6
  • Çmimi i dytë – kamera GoPro
  • Çmimi i tretë – kamera GoPro

Për 15-të autorët e prodhimeve më të mira, Instituti për studime të komunikologjisë siguron pjesëmarrje në eko kampin disaditor të shkollave të mesme që do të organizohet në qershor.

Paraqitje

Kandidatët duhet të plotësojnë formular për paraqitje dhe bashkë me produktin e punuar ta dërgojnë në e-adresën medium@medium.edu.mk më së voni deri më 05 maj të vitit 2019.

Kontakt

Aleksandra Temenugova, temenugova@iks.edu.mk, 02 30 90 004.