Активирај се | Создадено од вас |

Ден на човековите права: Борејќи се за права, освоивме слобода

feat-img

Секој човек е сопственик на некакви атрибути и квалитети кои му одредуваат “некаква положба.” Оваа “некаква положба”, со себе ја носи потребата луѓето да имаат одредени основни права кои треба да бидат заштитени. Секое човечко суштество се раѓа со „човечко достоинство“, што е суштината на човековите права. Потребата да се заштити човековото достоинство од секакви напади во секоја фаза од животот, доведе до појава на феноменот на човековите права. Од историска гледна точка, се претпоставува дека “потрагата по правата” на човештвото е стара колку и човечката историја.

Како резултат на оваа потрага по правата, воспоставени се многу институции, норми и механизми. Во периодот на Двете светски војни во 20 век, на кои сведочи човештвото, и кој се означува како „доба на човековите права“, низ горчливи искуства беше откриено какви ситуации може да настанат во случај на прекршување на правата на луѓето. Ваквото искуство ја истакна потребата за заштита и зајакнување на човековите права со поефикасни методи на универзално, регионално и национално ниво.

Особено интензивните и систематски прекршувања на човековите права доживеани за време и по Втората светска војна ја открија важноста и неопходноста на сите актери да дејствуваат во соработка. Со Универзалната декларација за човекови права, која беше прифатена со широк консензус на 10 декември 1948 година, уште еднаш се потврди фактот дека луѓето се субјекти на правата и беше направен важен чекор кон институционализација на човековите права. Универзалната декларација за човекови права вели дека „секој има право на сите права и слободи наведени во Декларацијата, без каква било разлика, како што се раса, боја на кожа, пол, јазик, религија, политичко или друго мислење, национално или социјално потекло, имот, раѓање или друг статус.”

Денес, во различни делови на светот има интензивни прекршувања на човековите права. Интензивните прекршувања дури и на најосновните права, како што се правото на живот, правото на правично судење и правото да се биде заштитен од дискриминација, ја откриваат неопходноста од конкретни чекори што треба да се преземат за заштита и развој на човековите права. Во ваквите случаи, важна улога имаат оние кои зеле одговорност да се бават со ширење на човековите права, и колку тие си ја вршат својата работа. Човековите права како идеја ја зајакнуваат и афирмираат исклучителната положба на луѓето како човечки суштества.

По повод 10 декември, Светскиот ден на човековите права, да се потсетиме дека „признавањето на достоинството својствено за сите членови на човечкото семејство и нивните еднакви и неотуѓиви права, е основата на слободата, правдата и мирот во светот“.

Како што е јасно изразено во Универзалната декларација: “Посакуваме свет во кој идејата за човекови права ќе се применува на најефикасен начин, каде што сите оние кои преземаат одговорности на ова поле на најдобар начин ќе ги извршуваат своите мисии и каде што прекршувањето на човековите права ќе заврши.”

Автор: Даница Среткоска, средношколка во СОМУ „Гостивар“