Активирај се | Создадено од вас |

И лошите искуства не’ прават подобри

feat-img

Миа Дарковска, Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола

Секојдневно заспивам со помислата како не можам да влијаам врз светот. Како сум само едно мало девојче, или сепак големо, кое има задача да ги извршува училишните задолженија. Што друго? Мисли, илузии, за што?

Животот е кратка трнлива патека, патека исполнета со препреки, на кои се паѓа, а потоа беспомошно, човек се обидува да се исправи и гордо да чекори. Но, како со помислата дека е бескорисен во човештвото? Или пак со помислата за подобро утре? Што да правиме? Да не изустиме еден единствен збор и да се прилагодиме на овие ужасни услови? Зошто да не се соочиме со какви и да се предизвици, без разлика на нивната леснотија или тешкотија и да работиме на себе да станеме влијателни.

Можеби ќе им помогнеме и на останатите да се мотивираат, да исполнат некој навидум невозможен подвиг.

Животот не е само стремеж кон среќата, животот е убав и со среќата, тагата, добрите и лошите искуства.  Наивно е да се трага само по среќата и убавите искуства. Сите случувања во животот претставуваат благослов доколку се сфатат свесно и правилно. Нема зло без добро и добро без зло. Секое лошо искуство може да е само подготовка за наредно добро. Секоја затворена врата или поглавје во животот не води кон нова врата или поглавје. Сe` зависи од нас, од нашите сфаќања и способности да размислуваме правилно, оптимистички. Така ќе станеме помудри, подобри, почовечни, посвесни.