d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
Jas mislam vaka Igno Jancev

Исчезнаа маалските дружби, сите се пред компјутерите

Игно Јанчев, СОУ „Свети Кирил и Методиј“ – Неготино

Празнина – молк и невозвратен поглед од улиците и парковите. Понекогаш се прашувам – каде е тој милозвучен детски глас, смеата, вревата од маалските игри? Сите се скриени во топлите домови пред телевизорот, компјутерот, мобилниот телефон.

Секојдневно листање на вестите, запирање на некоја фотографија, која ја одмеруваме со восхит или презир, како и читање добар хумористичен статус-дали ни треба нешто повеќе од тоа? Топлината во погледот, нежниот допир, неизмерната длабочина на копнежот – тоа е она што е реално, вистинско. Тие ни се потребни за секогаш на крајот да го прифатиме она што е најдобро за нас и за општеството.

Да, новите технологии ни го олеснуваат животот во секој сегмент, сепак тие се двигатели на многу случувања, но секое доживување ја губи смислата доколку не се сподели очи в очи со најблиските, најсаканите (оние што не’ разбираат).

Бидејќи, само жарот во очите, долгото раскажување и незапирливата смеа, сите моменти и доживувања можат да ги направат навистина незаборавни и посебни.