d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.

Репортажа од врвот на Баба: Искачи го Пелистер

6:00 часот наутро. Другите се сé уште в постела и спијат „изморени” од вчерашната журка која траела до раните утрински часови. Мојот ранец со цела потребна опрема ме очекува, тукушто направениот појадок со својот мирис ме мами, но притоа ми ја пружа потребната енергија за нови зимски авантури низ најубавата планина-Баба.

Iskaci go Pelister 1Полн со енергија и страст чекорам кон искачување на највисокиот врв – Пелистер, кој уште од мали нозе ме мами со својата велелепност и убавина. Поминувам покрај градската болницата и здогледувам мрачна слика на тинејџери кои се опијанети или имаат потешкотии со дишењето како резултат од прекумерното пушење, но и огромната и неизбежна ситуација со аерозагадувањето кое рапидно се зголемува. Одминувам но не со цел да побегнам туку напротив да му го „отворам” патот кон чистиот воздух, недопрената природа која ни подарува прекрасен поглед на огромни далечини. Наместо да ја искористиме технологијата, пред сé мобилните телефони со цел  да ги меморираме тие фантастични моменти на среќа и исполнетост, голем дел од тинејџерите го трошат своето ценето време на социјалните мрежи кои нудат непотребни информации кои резултираат со одбивност кон реалноста, многубројни видови на депресии и незадоволство.

Искачувајќи се, се завртувам кон градот, но гледам уште помрачна слика. Буквално не можам да го најдам мојот град во морето од магла помешано со смог. Во периферија го здогледувам РЕК, еден од најголемите режисери на оваа хорор слика. Но јас сум над маглата и ја имам привилегијата да дишам чист планински воздух.

Уште неколку метри пред врвот. Мигови на среќа, задоволство, исполнетост, страст… Гледајќи од врвот кон градовите кои се „гушат” во загаденоста, им подавам рака за и тие да се искачат и за момент да побегнат од монотоното секојдневие, но пред сé да вдишат чист воздух и да се насладуваат на недопрената природа…

Пантелејмон Трпчевски, СОУ Гимназија „Јосип Броз-Тито”, Битола