d

The Point Newsletter

Sed ut perspiciatis unde omnis iste natus error.

Follow Point

Begin typing your search above and press return to search. Press Esc to cancel.
teodora todorovska

Летен распуст

Денот кој учениците од прво одделение, па се до четврта година во средно образование нетрпеливо го чекаат е 10-ти јуни. За нив тогаш започнува летниот распуст кој трае се’ до 1-ви септември. Конечно деновите ги поминуваат како тие сакаат, без книги, без тестови, без испрашувања. Сте се запрашале ли што всушност учениците прават за овој долг и топол распуст?-Каде го поминуваат времето?

Според учениците во основното училиште кои имаат од 6 до 14 години овој период е за читање лектири, играње на улица, одење кај баба и дедо, одење кај роднините кои живеат на село и др. Во последните години “поголемите” ученици кои се седмо, осмо и деветто одделение, летните вечери ги поминуваат, излегувајќи во маалската слаткара, кафуле или во маалското паркче.

Средношколците пак малку поинаку го доживуваат ова летно опуштање. Тие уште првата вечер од распустот излегуваат и се враќаат во раните утрински часови. Се чувствуваат како возрасни личности кои си даваат сами на себе право и дозвола за се’. Од оваа група малку се издвојуваат учениците од прва година, бидејќи туку што влегле во светот на средношколците. Втора година се чувствуваат малку повозрасни, па заедно со трета и четврта, лудуваат во кафулиња, клубови, барови, дискотеки, па дури и кафeани.

Значи цела вечер лудувај и слави затоа што си пораснал за една година, а утре денот помини го спиејќи во кревет. Поголемиот дел ученици од четврта година и некои од трета, почнуваат да размислуваат да започнат со зарaбoтка што e и паметно за тие години. Целта на распустот не е само безделничење и трошење на парите кои ги заработиле родителите. Се снаоѓаат со тоа што работат келнери, делат флаери за одредена компанија, чуваат туѓи кучиња додека сопствениците се на одмор, работат во фирмата на своите родители доколку ја имаат и така го заработуваат својот џепарлак.

Освен ова учениците за одморот се занимаваат со некој спорт, рекреативно одат во градските базени, трчаат, возат ролерки или велосипед на кеј и се занимаваат со уште многу други активности.

Да не заборавиме дека десет дена се издвојуваат за летен одмор на море, помалите со родители, а поголемите со друштвото.

Веќе неколку години вака се поминува секој распуст. Да се надеваме дека наредните генерации ќе имаат подобри и поумни идеи со кои ќе им поминуваат деновите на летната пауза од училиштето. Да ги наполниме батериите и со нови сили да ја започнеме новата училишна година на 1-ви септември.

Теодора Тодоровска, III-4, СУГС ,,Никола Карев” – Скопје