Активирај се | Создадено од вас |

Матурантски крстопат

feat-img

Јоана Тренеска, матурантка во „Орце Николов“ Скопје

На матурантиве веќе не е во мода да им се постави прашањето: “Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?”, туку директива се оди на: “Тука или странство?” Ако одговориш УКИМ, следува кисела фаца и нажалени очи велејќи: “Се гледаме на каса во некој супермаркет”. А ако спомнеш некоја некоја друга држава, било која, дали Германија дали Катар исто е, и некое фенси универзитетско име, добиваш воодушевени, занесни погледи.

Во целиот хаос, едно нешто ги опфаќа сите овие средношколци. Демотивација. Напорни вести, интервјуа, дебати од комшиии, политичари, родители и професори кои ја цицаат енергијата на младиот човек. Секој ја раскажува својата несреќна судбина. Има онакви што само кукаат и го завршуваат “возвишениот говор” со “тоа е што е”. А има и такви што перат мозоци, но тие мислат дека подучуваат, а последен пат кога самите читнале нешто освен списание билe лектирите до четврто одделение. Ги раcкажуваат своите тажни искуства со доброофромени комплекси и тие се врпочем, емпиристи. Сознанието доаѓа од искуството. Како ни било нам,така ќе ви биде и вам, евентуално и бетер. Ја поседуваат таа ароганција да изиграваат Баба Ванѓа или Нострадамус, да предвидуваат што ќе биде за 10 години и да омаловажат студент што сака да студира Право. Кој од кој полош. Така ученикот, кој уште не излегол од пубертет, уште не знае како да плаќа сметки и му е незгодно да закаже преглед, веќе прави планови за самски живот во странство. А тие што ќе останат пак, 4 години ги поминуваат во читална, учат за испити, колоквиуми и други чудесии, и во целиот тој процес, имаат грч во стомакот дека сѐ што им кажале постариве, почитувани злопамтила ќе се исполни. Впрочем, ваков грч имаат сите. И оние што веќе се спакувани за на запад со градите напред, и оние смртници што остануваат.

Младината не е веќе она што беше. Најубавите години во животот ги поминуваат тензично и со грижа на совест. Одвреме навреме одат на пуш пауза или во Маракана на некое добро музиче, но тензијата си ја носат в џеб секаде. “Искусните” им дишат во врат на прерано созреаните. Ни ги отвораат очите, а не се свесни дека тие одамна ослепиле. Несвесно претвораат енергични невини души во мизерни рамнодушници. Светот на младите останува? Не е точно. Сега е златната ера на пензионери и “интелектуалци”. Кои сме ние за да го ускратиме тоа задоволство? Ние сме никој и ништо. Недорасната дечурлама, што бледо ќе гледа од страна, со истиот тој грч во стомакот.